peoplepill id: todor-chopov
TC
Bulgaria
6 views today
8 views this week
Todor Chopov
Bulgarian revolutionary and writer

Todor Chopov

The basics

Quick Facts

Intro
Bulgarian revolutionary and writer
Places
Work field
Gender
Male
Place of birth
Kilkis, Kilkis Municipality, Kilkis Regional Unit, Greece
Place of death
Rila, Bulgaria
Age
31 years
The details (from wikipedia)

Biography

Тодор Донев Чопов (Кукуш, 28 мај 1890 - Рила, 27 септември 1923) — македонски револуционер, анархист, просветен, театарски и литературен деец. Тој е внук од сестра на Гоце Делчев. Уште како гимназијалец се вклучува во тајните социјалистички и толстоистички кружоци. Со крајно леви и анархистички убедувања учествува во македонското ослободително движење. Убиен е за време на Септемвриското востание од припадници на ВМРО, како една од многуте нејзини жртви.

Животопис

Детство и младост

Тодор Чопов е роден кон крајот на февруари, или почетокот на март 1892 година во Кукуш. Тој е син на фурнаџијата Доне и мајката Руша, сестра на Гоце Делчев. Со неговите тројца браќа и три сестри: Владимир (Мирчо), Туше, Ристо, Велика (Лика), Ленка и Магда, Тодор расте во револуционерно семејство, целосно посветено на македонската револуционерна борба.

По завршувањето на третиот прогимназијален клас во Кукуш, образованието го продолжува во Солунската машка гимназија. Задоен со патриотски и револуционерен дух, тој уште како гимназијалец се вклучува и станува еден од водачите на Тајниот македонски кружок.

Во летото 1908 година, Чопов го поминува распустот во своето родно место. По завршувањето на Младотурската револуција во која учествува и МРО, постариот брат Владимир се враќа од четата и му раскажува на младиот Тодор за животот и жртвите на македонските револуционери дадени во борбата за ослободување на Македонија. Восхитен од тоа што го слуша, помалиот брат се заколнува дека ќе ги следи делата на славниот вујко и другите македонски дејци.

Во септември истата година, како ученик во петтиот клас, Чопов учествува во бунтот против егзархиската управа на Солунската машка гимнзаија. Тој е еден од организаторите на учениците кои јавно манифестираат низ градот, а кога вооружаниот стражар се обидел да го спречи влегувањето на учениците во интернатот, Чопов му го одзема пиштолот. По бунтот, како еден од водачите, заедно со неколку соученици бил исклучен од Солунската машка гимназија.

Револуционерна дејност

По препорака на Јане Сандански, Тодор бил назначен за учител во пиринското село Оштава. Таму ги учел децата и возрасните да читаат и пишуваат, како и за историјата на македонското револуционерно дело. Тој им читал книги и весници во кои се опишувале ликовите на познатите револуционери како Делчев, Груев, Сандански и др.

По контрареволуционерниот преврат во Цариград во 1909 година, Тодор Чопов се обидува да се приклучи на македонските доброволци кои ги поддржуваат младотурците. Тргнал пеш, но успеал да стигне само до Сер.

По започнување на Првата балканска војна во октомври 1912 година, верувајќи дека конечно дојде времето за ослободување на Македонија, насекаде во земјата се формираат доброволни одреди. Доброволен одред се формира и во Кукуш, а во него влегуваат преостанатите членови од Делчевото семејство. Прв се пријавил братот на Гоце, Христо Делчев, па Тодор со брат му Туше и мајка им Руша. Сите заминуваат на фронтот каде се наоѓа и постариот брат Владимир (Мирчо) Чопов и активно учествуваат во Првата балканска војна. Но, наместо да се борат во Македонија, испратени се на Одринскиот фронт.

На почетокот на Втората балканска војна, Тодор Чопов одново се пријавува како доброволец во одредот на Васил Чакаларов кој се бори на страната на бугарската војска. Како и другите македонски револуционери, повторно верувајќи дека се борат за конечно ослободување и обединување на Македонија, Чопов учествува во битките кои одредот ги води против српската и грчката војска. Во војната, градот Кукуш бил целосно изгорен, а неговото семејство, кое по пожарот останува без основни средства за егзистенција, пребегнува во Софија каде се соочува со беда и сиромаштија.

Општествена дејност и смрт

Во Софија Тодор Чопов се соочува со тешките премрежја кои ги поминува неговото семејство. Со помош на бугарскиот поет и македонски револуционер Пејо Јаворов, близок пријател на семејството Делчеви, Чопов се вработува со Централната пошта во Софија. Подоцна настаните ќе ги опише во расказите „Бегалци“ и „Војна“.

По започнувањето на Првата светска војна, во март 1915 година семејството на Доне и Руша Чопови се преселува во Горна Џумаја. Таму Чопов работи како телеграфист и тутунар, а заради школување во Софија останува само неговата сестра Лика и неговиот брат Владимир (Мирче) кој бил бугарски војник. Подоцна браќата Туше и Мирче биле испратени на фронтот, каде што Мирче загинува.

Во периодот од 1916-1917 година, Чопов формира театарска група и бил главен иницијатор за обновување на некогашното читалиште „Согласие“. Со дозвола од надлежното министерство, под раководство на Чопов, младите македонски ентузијасти ја пренамениле полуразрушената џамија во центарот на градот во дом на културата со читалиште, а тој бил избран за претседател. Во рамките на читалиштето била формирана библиотека, а тој за потребите на групата забрзано пишувал раскази и драмски текстови за војната и настаните. Чопов истовремено бил претседател, глумец и режисер.

Набрзо станува омилен во сите средини во градот. Се зближува со Ромите, го учи нивниот јазик и работи на нивно образовање како основа за надминување на нивната маргинализација. За таа цел подготвувал ромска граматика со азбука што сам ја составил.

По завршувањето на Првата светска војна, Тодор Чопов се приклучува на Привременото претставништво на поранешната ВМРО и станува член на управата за Горна Џумаја, кои во 1919 година објавуваат „Повик до Македонците“. Младиот интелектуалец се залага за спроведување на идеите и акциите за создавање „Автономна Македонија како обединителна алка на идната Балканска федерација“.

По расцепот меѓу раководителите на Привременото претставништво, доаѓа до распаѓање на широкото движење на Македонците во Бугарија. Во немирните години на внатрешни пресметки кои следуваат, Тодор Чопов преживува неколку атентати. Во 1922 година, тој се приклучува на групата кој ја предводи серскиот војвода Алексо Василев. Во учебната 1922/23 година, станува договорен учител во Дреново, што му овозможува, покрај револуционерната да има и време за литературна творечка дејност.

По решението за востание под раководство на БКП, во Горна Џумаја се формира револуционерен комитет и Чопов станува командир на одделение во востаничкиот одред. Веднаш по започнување на востанието на 23 септември 1923 година, горноџумајскиот одред предводен од Коста Сандев и Тодор Чопов се упатуваат кон Дупница. Одредот бил запрен од заседа пред Дупница, а по веста дека востанието во градот било загушено, дел од одредот се враќа кон Горна Џумаја. Сите тие ќе доживеат трагична судбина. Како делегиран преговарач со околискиот војвода на ВМРО Ангел Коларов, на 25 септември 1923 година Чопов е уапсен. Одведен е во Горна Џумаја и по два дена е стрелан со други левичарски активисти на падините на Рила Планина по наредба на Тодор Александров.

Тодор Чопов оставил скромно, но значајно објавено и необјавено литературно наследство: 15 раскази, две повести, драма, песна во проза и стихови. Во 1982 година издавачката куќа „Мисла“ издава негови собрани творби на македонски јазик.

Наводи

Надворешни врски

The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
Lists
Todor Chopov is in following lists
comments so far.
Comments
From our partners
Sponsored
Credits
References and sources
Todor Chopov
arrow-left arrow-right instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube pandora tunein iheart itunes