peoplepill id: risto-galevski
RG
Macedonia
2 views today
6 views this week
Risto Galevski
Macedonian police general

Risto Galevski

The basics

Quick Facts

Intro
Macedonian police general
Places
Work field
Gender
Male
Birth
Place of birth
Murtino, Strumica Municipality, Republic of Macedonia, Earth
Place of death
Skopje, Greater Skopje, Skopje Statistical Region, Republic of Macedonia
Age
50 years
The details (from wikipedia)

Biography


Ристо Галевски (Муртино, Струмичко, 1957 – Скопје, 10 ноември 2007) бил првиот полициски генерал и како таков учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Во 2001 година беше назначен за прв човек на македонската полиција, а за неговите заслуги во работењето му беше доделен чинот генерал на полиција.

До последниот ден тој работеше на функцијата помошник-министер на Секторот за Европска унија при Министерството за внатрешни работи. Галевски во текот на својот работен век извршуваше повеќе значајни функции. Починува ненајдено на 50-годишна возраст на 10 ноември 2007 во Скопје.

Биографија

Генерал Ристо Галевски по завршувањето на Факултетот за безбедност, во 1975 година се вработи во МВР, каде што извршуваше повеќе работни задачи. Во 1999 година беше назначен за началник на Управата за јавен ред и мир. Во 2000 година беше распореден на работно место заменик на началникот на Одделот за полиција, се' до 2001 година кога беше назначен за раководител на Одделот за полиција, кога со решение на претседателот на Владата се стекна со чин генерал во полицијата.

На 25 јуни 2001 година, како знак протест по повод извлекувањето на терористите со поддршка на највисоките претставници на НАТО и ЕУ, истата вечер околу пет илјади Македонци, меѓу кои голем број на полициски резервисти, се собрале пред Собранието во Скопје на протести, барајќи да им се обрати државниот врв. Луѓето бараа некој од државниот врв, премиерот или претседателот, да им се обрати велејќи дека ако не го сторат тоа, тогаш тие нив нема да ги сметаат за свои претставници. Но, од нив никој не се појави. Така беше до еден часот наутро, кога пристигна генералот на полицијата Ристо Галевски и со мегафон ги повика сите кои се наоѓаа во кругот на Собранието да се повлечат и да им се овозможи на безбедносните сили да продолжат да се ангажираат во одбраната на државата. Генералот ги повика и граѓаните кои имаат распоред во полицијата да се јават во најблиската полициска станица, а беше упатен и апел до сите граѓани кои сакаат да се вклучат во резервниот состав, да се јават во станиците на полицијата кои се наоѓаат најблиску до местото каде што живеат.

На 5 јули 2001 година, началникот на Генералштабот на АРМ Панде Петровски и генералот на полицијата Ристо Галевски, од македонска страна, со претставниците на Европската унија и со НАТО потпишаа изјава за прекин на огнот со албанските терористи. Иста изјава потпишаа и претставникот на таканаречената ОНА Али Ахмети, генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон и претставникот за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана.

Во 2002 година беше именуван за директор на Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста - Скопје, за што по повод 25 години од основање на Факултетот за безбедност доби благодарница за посебен придонес во развојот. Во 2004 година повторно беше преземен во МВР на местото виш советник, а во 2006 државен советник за полициски работи во Кабинетот на министерот.

Во текот на своето работење паралелно посетуваше повеќе курсеви и семинари, како што се курс за полициски менаџмент, обука за антитероризам и кризен менаџмент во Луизијана, САД.

Надворешни врски

Поврзано

  • МВР

Наводи

The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
Lists
Risto Galevski is in following lists
comments so far.
Comments
From our partners
Sponsored
Risto Galevski
arrow-left arrow-right instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube pandora tunein iheart itunes