Nikola Jankulovski
Quick Facts
Biography
Никола Јанкуловски (Ресен, 4 март 1958) – сегашен ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, декан на Медицинскиот факултет – Скопје од 2009 до 2016 година, универзитетски професор, абдоминален хирург.
Животопис
Јанкуловски основно и средно образование завршил во Скопје. На Медицинскиот факултет – Скопје се запишал во учебната 1976/1977 година, и студиите ги завршил со просечна оценка 9,30.
По завршувањето на студиите и задолжителниот лекарски стаж добил стипендија од Министерството за наука на Р. Македонија да работи на Клиниките за хируршки болести, а од 1.5.1985 година се вработил на Клиниката за дигестивна хирургија. Во 1988 година бил избран за помлад асистент по предметот хирургија, а во 1990 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија.
Д-р Јанкуловски објавил бројни научни и стручни трудови во домашни и меѓународни списанија. Исто така имал повеќе стручни престои во меѓународни клинички центри.
Од 1999 до 2002 година бил хонорарен професор по предметот хирургија во државното средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“.
Во декември 2002 година, д-р Никола Јанкуловски ја одбранил докторската дисертација под наслов „Процена на
имунокомпетенцијата кај билијарната опструкција и улогата на билијарната дренажа врз прогнозата на болеста“.
Во април 2004 година избран е за доцент по предметот хирургија на Медицинскиот факултет – Скопје.Од септември 2007 година до 1 април 2009 година ја извршува функцијата директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија.
Од 1 април 2009 година е назначен за в.д. декан на Медицинскиот факултет – Скопје, а во септември истата година е избран за декан за мандатниот период 2009-20013 година. Во јануари 2013 година, д-р Јанкуловски е реизбран за декан во мандатниот период 2013-2017 година.
Награди
- „Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година
- „11 Октомври“ во 2015 година