peoplepill id: milan-nedkov
MN
Socialist Federal Republic of Yugoslavia Macedonia
3 views today
3 views this week
Milan Nedkov
Macedonian jurist

Milan Nedkov

The basics

Quick Facts

Intro
Macedonian jurist
Work field
Gender
Male
Birth
Place of birth
Kavadarci
Age
94 years
The details (from wikipedia)

Biography

Милан Недков (роден во Кавадарци, 1931 година) — македонски правник, универзитетски професор и поранешен уставен судија.

Биографија

Завршил Правен факултет во Скопје во 1957 година. Бил на специјализација во Институтот за општествени науки во Белград.

Во 1960 година бил избран за асистент на Правниот факултет во Скопје. Докторирал на тема од областа на правото во 1965 година. Во 1974 година бил избран за редовен професор на Правниот факултет.

Повеќе години бил раководител на Одделението за политиколошки истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а четири години бил директор на овој Институт. Учествувал како раководител и истражувач во реализацијата на повеќе проекти, особено посветени на истражување на изборните процеси и јавното мислење.

Повеќе години бил главен и одговорен уредник на списанието „Погледи“.

Од 1994 до 2003 година е судија на Уставниот суд на Република Македонија, а во времето од 1997 до 2000 година бил и негов претседател.

Творештво

Објавил над 25 студии и учебници, како и над 200 статии и есеи. Позначајни објавени научни и стручни трудови се следните:

  • Студентска 1968 година, (коавтор), Скопје, 1970.
  • Коментар на Законот за претпријатијата и Законот за општествениот капител, (монографија), Скопје, 1990.
  • Приватизација на општествениот капитал во Република Македонија, (студија), коавтор, Скопје, 1991.
  • Коментар на законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, (монографија), коавтор, Скопје, 1993.
  • Коментар на преодните и завршните одредби на Законот за трговските друштва, (монографија), Скопје, 1996.
  • Основање на трговското друштво, (монографија), Скопје, 1996.
  • Одлучување и управување со друштвата на капиталот, (монографија), Скопје, 1997.
  • Санација на организациите на здружениот труд, Скопје, 1988.
  • Преоден период на претворање на организациите на здружениот труд во претпријатија, Скопје, 1989.
  • Работниот однос и неговото правно уредување, Скопје, 1990.
  • Организирањето на општественото претпријатије како акционерско друштво односно друштво со ограничена одговорност во мешовита сопственост, Скопје, 1990.
  • Акционерско друштво, Скопје, 1990.
  • Статутот и неговото место во уредувањето на односите во акционерското друштво, Скопје, 1991.
  • Уредување и раководење со претпријатијата, Скопје, 1991.
  • Настанување на холдинг претпријатието, Скопје, 1991.
  • Судбината на интерните акции, Скопје, 1992.
  • Намалување на основната главнина на акционерското друштво, Скопје, 1999.

    Наводи

    The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
    Lists
    Milan Nedkov is in following lists
    comments so far.
    Comments
    From our partners
    Sponsored
    Milan Nedkov
    arrow-left arrow-right instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube pandora tunein iheart itunes