Kamka Tocinovski
Quick Facts
Biography
Камка Тоциновски (Скопје, 27 јуни 1979) — театарска, филмска и телевизиска глумица.
Биографија
Камка Тоциновски дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во 2001 година .Со театарот одблиску се запознава во средношколските деновиво гимназијата“Орце Николов “ преку аматерската претстава “Кралот Иби”на Алфред Жари во која ја толкува улогата на Мама Иби. Во 2000 годинадебатира на сцената на „Јордан Хаџи Константинов–Џинот“ – Велессо претставата “Елешник “ во режија на Димитар Станковски како и на сцената на МНТ – Скопје со “Будење на пролетта “ во режија на Златко Славенски. Добитник е на наградите “Трајко Чоревски” и “Војдан Чернодрински” за најдобраглумица на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп , како и наградата“Вељко Маричич” на интернационалниот фестивал во Ријека, Хрватска.Во 2013 година станува член при драмата на Македонскиот народен театар.
Во потесниот кругна фамилијата на Камка Тоциновски има значајни имиња одфилмската уметност ,од НОБ на Р. Македонијакако и од Илинденското востание.Нејзината тетка Марија Тоциновски ѝ е позната на јавноста по филмовите на Жика Митровиќ -“Мис Стон” ,“Капетан Леши “ и “Сигнали над градот “.Нејзината баба е споменaта во книгата "Жените на Македонија во НОВ",а дедо ѝ Милан Тоцинов е носител на илинденска споменица.
Филмографија
*2000 "1/4" -Шина Атанас Георгиев
*2002 "Големата вода"Иво Трајков
*2005"Порака"Даријан Пејовски
*2006 "Превртено" Игор Иванов Изи
*2010 "Вистинската приказна за Хансел и Гретел“ Гоце Цветановски
*2011 "Фото финиш -Скопје Ремикс"Огнен Димитровски
*2011 "Панкот не е мртов" Владимир Блажевски
*2016 “Брат на еден ден “ Стојан Вујичиќ
*2012 “Одмаралиште”Клариса Тиеме
*2012 “До балчак”Столе Попов
*2013 “Ин Апсента” Дина Дума
*2013 “ Деца на сонцето” Антонио Митриќески
*2014 “Три дена во септември” Даријан Пејовски
*2017 “Паднати ангели” Али Замани
*2018 “Слаткиот терор на меморијата “Илсе Фрех
*2018 “Беса “Душан Лазаревич
*2019 “Врба” Милчо Манчевски
*2020 “Хомо” Игор Иванов Изи
*2020 “ M”Вардан Тозија
Театар
Театарски претстави во кои глуми Камка Тоциновски:
- 2000 „Будење на пролетта"Златко Славенски
- 2000„Тест" -Наташа Поплавска
- 2000„Случајот Данил Хармс " Владимир Милчин
- 2000„Eлешник" -Димитар Станковски
- 2001„Аудиција" - Владимир Милчин
- 2001„Биле баксуз"Билјана Драгичевич
- 2002 "Екстази" Кристијан Ристевски
- 2002"Синдром Чернодрински"Дејан Дамјановски
- 2003"Колку пати ке умираме?" Владимир Милчин
- 2004 "Балада за големиот костур “ ВладимирМилчин
- 2004"Другата страна"Слободан Унковски
- 2005 "Сцени од животот"Филип Ле Моин
- 2005 "Поручникот од Инишмор" Зоја Бузалковска
- 2005 "Поблиску"Слободан Унковски
- 2006 "Ревизор"Владимир Милчин
- 2007 "Чикашки перверзии” Нела Вотошевич
- 2008"Мара Сад" Васил Христов
- 2008"Дундо Марое" Драгана Милошески
- 2008"Вејка на ветрот"Нела Витошевич
- 2009"Лет во три глави"Никола Ристов
- 2011"Норвешка денес" Оливер Мицевски
- 2012“Вејка на ветрот”Јани Бојаџи
- 2014“Подемот и падот на кабарето”Владимир Милчин
- 2014“Eлектра” Андри Жолда
- 2015“Станица Љубов” Синиша Ефтимов
- 2016“АладинБојан Трифуновски
- 2017“Ничија земја “ Александар Морфов
- 2018 “Без галама “режија Тони Михајловски
- 2019 ” Бесачи” – Алис , режија Јавор Грдев