Józef Obrębski
Quick Facts
Biography
Јозеф Обрембски (полски: Józef Obrębski; 18 февруари 1905, Теплик, Виничка област, Украина — 28 декември 1967, Холис, САД) — полски и американски етнолог и социолог. Еден од најзначајните странски истражувачи на народната култура на Македонците во меѓувоениот период и по Втората светска војна.
Биографија
Се родил во Подоле, Виничка област во месноста Теплик, во Украина.
Се школувал во гимназијата „Адам Мицкевич“ во Варшава, а подоцна во IV државна гимнзија Х. Сјенјевич во Краков. Студирал на правниот факултет на Варшавскиот универзитет, а подоцна на филозофскиот факултет на Јагјелоњскиот универзитет во Краков. Неговите студии ги опфаќаат етнографијата на Словените, словенска филологија и дијалектологија, општа лингвистика, полска граматика, украински јазик, руски јазик, археологија, полска литература, историја на уметноста и филозофијата. Води теренски истражувања во Бугарија, Турција, Македонија. Се стекнал со степен магистер по филозофија во областа на словенската филологија. Обремски добил стипендија од фондацијата „Рокфелер“ што му овозможило да замине на докторски студии во Лондон, каде се здобива со степенот доктор по филозофија од областа на општествената антропологија.
Во 1932 година Обрембски пристигнува во Белград, каде што ги започнал своите подготовки за теренски истражувања во Македонија. Околу половина година поминува на стационарни истражувања во селото Волче, каде ја документира структурата на селската заедница и на семејството, религиозниот живот, обредноста, народното лекување и магиските ритуали.
Истражувањата кои ги прави во Македонија и студиите во Лондон, претставуваат пресврт во научната биографија на Обрембски. Овој пресврт ќе го оформи целиот негов натамошен развој како етнолог и етносоциолог.
За време на својот престој во Македонија, Обрембски собрал богат теренски фолклорен и етнографси материјал кој е од непроценлива вредност, снимил околу 560 фотографии, стаклени негативи со размер 8,8х6џ3 см, автор е на глем број студии со македонска тематика. Теренските материјали на Обрембски биле спасени од разурнувачките бомбардирања на Варшава за време на Втората светска војна, благодарение на тоа што тој ги закопал во метални кутии во бавчата на својата куќа. По војната материјалите биле пренесени во САД а по неговата смрт 1967 година тие биле депонирани во Special Collections and Archives, W.E.B. Du Bois Library, University of Massachusetts во Амхерст.
Во 1936 година Обрембски ја зазема функцијата заменик-директор во новоотворениот Државен институт за културата на селото.
Од 1936 до 1939 година предава социологија на Педагошкиот институт .
На почетокот од Втората светска војна Обрембски добива наредба за евакуација од Варшава заедно со Државниот институт за култура на селото. Конвојот е растурен од страна на германците. Семејството Обрембски пристигнува во Лавов, од каде што неуспешно се труди да замине за Романија.
Веднаш после војната, 1945 година, се обновува дејнста на Полскиот социолошки институт, Обрембски се враќа на работа во советот на институтот.
1946 Обрембски заминува во Оксфорд, каде се вработува како социолог за спроведување на теренски истражувања во Јамајка. Од 1947 до 1948 година ги води теренските истражувања во Јамајка. После враќањето од Јамајка, пристугнува во Њујорк, каде станува член на Секретаријатот на ОН, каде работи како специјалист за општествените работи, одговорен за таканаречените доверителни територии кои се ослободуваат од колонијалната звисност.
Публикации
- Czarna Magja w Macedonii (Црна магија во Македонија) „Kurier Literacko - Naukowy“, dodatek do nr 111 „Ilustrowanego Kuriera Codziennego“, 23.4.1934
- System religijny ludu macedonskiego (Религиозниот систем на македонскиот народ) „Kurier Literacko - Naukowy“, dodatek do nr 24 „Ilustrowanego Kuriera Codziennego“, 15.6.1936, nr 26, 29.6.1936
- Ritual and Social Structure in a Macedonian Village (Ритуалот и општествената структура на македонското село), ed. by B. Kerewsky-Halpern and J.M. Halpern, International Area Studies Programs, University of Massachusetts at Amherst, 1977
Нормативна контрола |
|
---|---|
Нормативна контрола |
|