Ivan Dimov Pashata
Quick Facts
Biography
Иван Најдов Димов или Јон Пашата ( 1876, Тројаци, Прилепско - 20 ноември 1907 , Битола) — македонски револуционер, битолски војвода на Тајната македонско-одринска револуционерна организација.
Биографија
Иван Димов е роден во 1876 година в прилепското село Тројаци. Во 1897 година работел во Романија и при завршувањето на печалбата во 1900 година отишол кај Шебедин бег каде порано работел, ја искршил вратата и зел една пушка и два пиштола. Потоа се вклучил во ВМОРО и од 1902 година станал четник во четата на војводата Ѓорѓи Сугарев. За време на Илинденското востание во 1903 година бил во четата на Иван Кафеџијата. Водел самостојна чета во Шурковската планина и Преспанско, а потоа во реонот Кичевско и Битолско.
Во 1904 година бил назначен за реонски војвода низ битолското поле. Заедно со Димче Сарванов и Трајко Кралот дејствувале против грчката вооружена пропаганда во Македонија. Негов четник бил Грујо Акелов. На 1 јули 1905 година крај селото Могила го убиле познатиот турски насилник Шефки ага. Дејствувал като помошник реоонски војвода на Димче Сарванов. За реон на дејствија ги имал полските села низ Пелагонија од десната страна на реката Црна и Ѓаваткол со 6 четници.Во крајот на 1907 година Јон Пашата се разболел тешко од дифтерија и умрел во Битола на 20 ноември 1907 година.
Погребан е во дворот на битолската црква „Света Недела“ и потоа бил препогребан во гроб на некоја млада жена, поради честите претреси на аскерот низ гробиштата.
Портрет
Портрет
Портрет