Iskra Trpeva
Quick Facts
Biography
Искра Трпева Арсовска (Скопје, 1 јануари 1973) е позната македонска поп пејачка.
Животопис
Трпева е родена на 1 јануари 1973 година во Скопје. Таа е професор по соло пеење, професија што ја работи и денес. Мажена е за поранешниот македонски фудбалер Благоја Арсовски. Учествувала на повеќе македонски фестивали, а највеќе на МакФест. Таа е сопственик на познатото скопско кафуле „By The Way“.
Дискографија
Трпева својата естрадна кариера ја започнала со познатиот македонски композитор Кристијан Габровски во 1998 година, а песните од тој периодсе Допри ме, Штом падне мрак и Заврши се. Трпева соработувала со Дарко Димитров и со Александар Митевски, од чија соработка произлегле сингловите Љубов (Срце),Странец, Зима. Повторната соработка меѓу Трпева и Габроски всушност претставувало промена во нејзиниот музички стил – од поп-денс во поп-рок, од што произлегол и синглот Исти.