Goce Arnaudov
Quick Facts
Biography
Гоце Арнаудов (Струмица, 19 август 1954 - Скопје, 6 декември 2011) — популарен македонски пејач на фолклорна музика.
Животопис
Гоце Арнаудов е роден воСтрумица на 19 август 1954 година. Тој уште на десет годишна возраст почнал да свири на гитара и да пее во групата нанеговиот татко. По завршувањето на средното образование ја формирал групата „Крик“, со која се претставувале низцела поранешна Југославија.Гоце во Македонија се вратил во 1993 година и за кратко време ги освоил симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествувал предизвикувал еуфорија, а на сите фестивали ги освојувал првите места.
Во 1994 година на Фолк Фест Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освоил сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор, композитор на песната е Миле Барбаровски, а текстот го напишал Георги Барбаровски. Гоце Арнаудов има напишано над 200 песни, учествувал на стотина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години бил прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк Фест Валандово му донеле 22 награди, а неговите песни многупати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум. Неколкупати станал сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“.
Често во Европа, Америка и Австралија учествувал на добротворни концерти.
Во 2000 година, во својот роден град Струмица, Арнаудов направил концерт на стадионот и собрал 10 илјади публика, а раководството на областа му дала награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.
Починал од рак, на 6 декември 2011 година во болницата во Франција каде што се лекувал.
Наводи
Надворешни врски
- Гоце Арнаудов на YouTube