peoplepill id: fikri-elmazi
FE
4 views today
4 views this week
The basics

Quick Facts

Gender
Male
Place of birth
Tenovo
The details (from wikipedia)

Biography


Фикри Елмази (албански: Fikri Elmazi; Теново, Тетовско 1969 – Боговиње, 12 септември 2002) бил македонски бранител од албанска националност, полициски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Убиен е на 12 септември 2002 при вооружен напад на десет члена терористичка група на полициската станица во населеното место Боговиње.

Биографија

Живот, војната 2001 година и смрт

Фикри Елмаци е роден во 1969 година во Теново, Тетовско. Тој од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил полициски резервист. Фикри Елмази е внук на поранешниот заменик министер за внатрешни работи Рефет Елмази кој исто така е родум од Теново. На 12 септември 2002 година, во околу 06:04 часот наутро, од две возила во движење во кои се наоѓале десетина терористи била нападната полициската станица во селото Боговиње, Тетовско. Бандитите веднаш пукале кон објектот во кој се наоѓале неколкумина постојани полицајци и неколкумина припадници на резервниот полициски состав. На самото место бил убиен Фикри Елмази од селото Теново, Тетовско, припадник на редовниот полициски состав. Тој бил задолжен за надворешно обезбедување на објектот. Терористичката банда по нападот се упатила по локалниот пат Тетово - Гостивар, покрај Шар Планина кон селата Пирок и Градец во правец на Гостивар. Тие побегнале со две патнички возила „алфа ромео“ сина боја и „опел вектра“ сива боја. И двете без регистарски таблички.

МВР претпоставува дека терористите што ја нападнале станицата во Боговиње се дел од вооружената група, која пред извесно време ги киднапира осумте Македонци на автопатот Тетово - Гостивар, кај селото Жеровјане. Безбедносните служби нападот на полицијата во Боговиње го поврзуваат со неодамнешното соопштение на т.н. АНА по убиството на двајцата полицајци во Гостивар, во кое Албанците во Македонија беа предупредени да ја соблечат униформата на славомакедонската полиција за да не гинат залудно. Во полициската станица во Боговиње во моментот на нападот имало пет полицајци - Албанци.

Погребан е на гробиштата во родното Теново. Фикри Елмази постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.

Наводи

The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
Lists
Fikri Elmazi is in following lists
comments so far.
Comments
From our partners
Sponsored
Fikri Elmazi
arrow-left arrow-right instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube pandora tunein iheart itunes