Daniela Ivanoska
Quick Facts
Biography
Даниела Иваноска (родена во 1978 година во Скопје) — македонска театарска филмска и телевизиска глумица која работи во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп.
Животопис
Даниела Ивановска (родена како Стојковска) е родена во Скопје. Таа е омажена за глумецот Зоран Иваноски со кого го имаат синот Лука.
Кариера
Професионалната кариера на Иваноска (тогаш, со презимето Стојковска) ги направила во Скопје, играјќи во неколку претстави на Македонскито народен театар, како: „Соларис“, „Големите очекувања“, „Делириум за двајца“, „Слепци“, „Црнила 005“. Подоцна, таа се вработила во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде од 2008 наваму имала улоги во речиси сите претстави.
Во ноември 2014 година, на Меѓународниот фестивал на глумците во Никшиќ, Црна Гора, Иваноска ја освоила наградата за најдобра споредна женска улога, играјќи го ликот на Алтана во претставата „Буре барут (драма)“, во режија на Наташа Поплавска.
Филмографија
Година | Филм | Улога |
2005 | Бал-кан-кан ТВ-филм | Сопругата |
2005 | Боли ли ТВ-филм | |
2013 | Авантурите на Итар Пејо ТВ-серија | |
2014 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2015 | Три во едно ТВ-филм | |
2015 | Лазар ТВ-филм | Милка |
2019 | Втора шанса ТВ-филм | Елеонора |
2019 | Дедо и внук ТВ-филм | Билјана |
2020 | Зоки Поки ТВ-серија | Ивана |