Quantcast
DZ
Republic of Macedonia
95 views this week
Dančo Zografski

Dančo Zografski

Macedonian historian and economist
The basics
Quick Facts
Intro Macedonian historian and economist
Countries Socialist Federal Republic of Yugoslavia Republic of Macedonia
Occupations Historian Economist
Gender male
Birth April 23, 1920 (Veles)
Death January 9, 1997 (Skopje)
The details
Biography

Данчо Зографски (Велес, 23 април 1920 - Скопје, 9 јануари 1997) — македонски научен работник, истражувач на поширокото подрачје на поновата историја на македонскиот народ и посебно на полето на стопанската историја на Македонија, редовен професор на Економскиот факултет во Скопје, општествен деец и педагог, академик.

Биографија

Зографски е роден во Велес на 23 април 1920 година како најмал син на Ѓорѓи Јаковов Зографски. Основно образование и гимназија завршил во родниот град (1939), право студирал во Белград, а дипломирал во двегодишни студии на Институтот за општествени науки (1950- 1952). Својот работен век го започнал како главен уредник на весникот „Нова Македонија“. По основањето на Економскиот факултет во Скопје бил избран за наставник по предметот Стопанска историја (1950). Докторирал на Економскиот факултет во Белград (1962). Бил декан на Економскиот факултет во Скопје, во два мандата ја вршел функцијата директор на Институтот за национална историја во Скопје, повеќе години бил републички и сојузен пратеник и вршел други одговорни општествени функции. За дописен член на МАНУ е избран во 1981 г., а за редовен во 1986. Бил член на Претседателството на Меѓународната комисија за славистички проучувања, член на Комисијата за историја на СКЈ, претседател на Комисијата за историја на СКМ, член на потесните редакции на Историјата на македонскиот народ, на историите на СКЈ и на СКМ, уредник на списанието „Гласник“ на Институтот за национална историја, член на редакционите одбори на списанијата „Историја“, „Погледи“, „Acta historico-economica Jugoslaviae “ и др. Неговиот научен опус го сочинуваат преку 200 монографии, статии, збирки на документи и други прилози. Неговите одбрани дела беа публикувани во шест книги (1986). Покрај опстојните истражувања во соодветните фондови во архивите во земјата, исцрпни истражувања вршел и во архивите во Бел- град, Загреб, Сараево, Сремски Карловци, Виена, Бон, Потсдам, Кобленц, Фрајбург, Берн, Прага, Амстердам и Лондон. Учествувал на бројни домашни и меѓународни конгреси и научни собири. Тој е истражувач на зародувањето на капиталистичките елементи во Македонија и на македонското социјалистичко и работничко движење. Неговите истражувања од областа на стопанската историја на Македонија, а посебно оние што се однесуваат на периодот на османско-турското владеење претставуваат базични трудови од оваа област. Починал на 9 јануари 1997 година.

Наводи

The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
comments so far.
Comments
arrow-left arrow-right arrow-up arrow-down instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube stumbleupon comments comments pandora gplay iheart tunein pandora gplay iheart tunein itunes