Zlatko Mitreski
Quick Facts
Biography
Златко Митрески (р. 11 мај 1981 во Скопје) — македонски театарски и филмски глумец, кој моментно работи во Драмскиот театар во Скопје.
Животопис
Митрески е роден во 1981 г. во Скопје. По завршувањето на основното училиште (1989-1996), продолжува со средното образование во „Димитар Влахов“, кое го посетувал од 1997 до 2001 г. Во 2002 г. се запишал на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија (НАТФИЗ). Додека живеел во Софија, исполнувал разни улоги во театарот „Софија“ и Државниот сатиричен тетар „Алеко Константинов“ од бугарски и странски автори, како дипломски изведби во учебниот театар при самата академија. Во 2004 г. ја добил првата филмска улога во краткото остварување „Клаустрофобија“ (Клаустрофобия) од Чавдар Чернев, а во 2005 и првата долгометражна улога, во бугарско-турскиот филм „Украдени очи“ (Откраднати очи) во режија на Радослав Спасов. Академијата ја завршил во 2006 г. и продолжил да исполнува улоги во престолнината и други градови низ бугарија како Ловеч и Габрово, а подоцна и во Ќустендил.
Во 2008 и 2009 г. се дообразувал и на Маѓународната театерска академија во Москва, каде настапувал во „На Страстном“ при уметничките раководители Александар Калјагин и Лав Додин.
По враќањето во Македонија, настапувал во Младинскиот културен центар во Скопје (2010), Народниот театар во Охрид (2011), Универзалната сала (2012) во Скопје. Во 2013 г. почнал редовно да настапува во Драмскиот театар во Скопје. Во 2011 г. ја остварил првата филмска улога во Македонија во „Ова не е американски филм“ од Сашо Павловски.
Театрографија
- 2003: „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир
- 2003: „Љубовни булевари“ од Стефан Цанев, реж. Борис Панкин
- 2004: „Зоолошка приказна” од Едвард Олби
- 2005: „И најмудриот си е малку прост“ од Николај Островски, реж. Веселин Ранков
- 2005: „Историја со Метранпаж“
- 2005: „Пиеса No. 27“ од Алексеј Слаповски, реж. Красимир Ранков
- 2006: „Дон Жуан“ од Молиер, реж. Стојан Младеновиќ
- 2006: „Мурлин Мурло“ од Николај Колјада, реж. Георги Георгиев
- 2006: „Рејс“ од Станислав Стратиев, реж. Николај Гундера
- 2006: „Римска бања“ од Станислав Стратиев, реж. Славчо Пеев
- 2006: „Храбриот Касијан“ од Артур Шницлер, реж. Лилијана Бајлова
- 2006: „Цвеќињата на ИДА“ од Х.К. Андерсен, реж. Гергана Тодева
- 2007: „PLAYBACK“ од Педро Алмодовар, реж. Елица Матеева
- 2007: „Ноќта спроти Ењовден“ од Николај Гогољ, реж. Ирина Клишевска
- 2007: „Чинцано“ од Људмила Петрушевска, реж. Мартин Вангелов
- 2008: „Писмо за помнење“, авторска претстава на Олег Николаевич
- 2009: „Бакни ме“ од Анна Петрова, реж. Минчо Србев
- 2009: „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, реж Ристе Алексовски
- 2010: „Госпоѓица Јулија“ од Август Стриндберг, реж. Деан Дамјановски
- 2011: „Кабаре Мистериозо“ од Дарио Фо реж. Деан Дамјановски
- 2012: „Метастаза“ по Ерик-Емануел Шмит, реж. Војо Цветановски
- 2013: „Кавкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт, реж. Златко Славенски
- 2013: „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, реж. Коле Ангеловски
- 2014: „69“ од Алан Бол,реж.Веселин Димов
- 2015: „Безљубни“ од Благица Секуловска реж. Златко Славенски
Филмографија
Филмографија на глумецот Златко Митрески | |||
---|---|---|---|
Год. | Назив | Улога | |
2010-ти | |||
2011 | Ова не е американски филм ТВ филм | The Bold | |
2019 | Преспав ТВ серија | Гостинот | |
2019 | Фамилијата Марковски ТВ серија | Горан | |
2020-ти | |||
2023 | Бистра вода ТВ-серија | Кузман | |
2023 | Шега ТВ филм | Татко на Надиа |
Награди
- Прва награда на V Отворен филмски фестивал во Санкт Петербург, Русија
Наводи
Надворешни врски
- Профил на страницата на Драмскиот театар
- Златко Митрески на Семрежната филмска база на податоци (англиски)