Ziadin Sela
Quick Facts
Biography
Зијадин Села (албански: Ziadin Sela; роден 1972 во Ливада, Струшко) — градоначалник на Општина Струга во периодот 2013–2017 година. На локалните избори во 2013 Села го победил заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владимир Кочовски со околу 5.000 гласови разлика. По изборните резултати имало 15 жалби од страна на ВМРО-ДПМНЕ до ДИК, но комисијата прифатила само две кои не влијаеле врз конечниот резултат.
Една од првите негови мерки по преземањето на градоначалничката функција било уривање на сите дивоградби сместени долж кејот на реката Црн Дрим. На парламентарните избори 2016 година неговата партија Алијанса за Албанците учествувала на изборите на кои Села бил избран за пратеник во македонското Собрание.
Медицинска кариера
Што се однесува до неговата професионална кариера, тој по професија е лекар, специалист интернист. Започнал како специјализант работејќи во Црвениот крст, а потоа преминал во општата болница во Струга. Со запливувањето во политичките води, извесен период бил и директор на Државен санитарен и здравствен инспекторат, а потоа станал пратеник. Зијадин Села е оженет и татко на две малолетни деца.
Контроверзност
Пред да стане градоначалник, Села бил пратеник во македонскиот Парламент во периодот 2011-2013. За време на неговиот пратенички мандат предизвикал големо медиумско внимание со неговата радикална изјава во врска со законот за македонските бранители, заканувајќи се дека ќе го запали парламентот.
На 11 јули 2014 г. Села бил еден од предводниците на поголема група демонтранти во Скопје поради судската пресуда за сторителите на убиствата кај Смилковското Езеро. Групата скандирала „УЧК“, и „Етничка Албанија“, иако во извештајот не се наведува дали Села скандирал заедно со нив.
Поврзано
- Општина Струга
Наводи
Надворешни врски
- Биографија на Зијадин Села на порталот на Општина Струга