Vesna Bajalska
Quick Facts
Biography
Весна Бајалска е македонска сликарка.
Биографија
Родена е во Белградво 1956 година. Студирала сликарство на Факултетот за применети уметности во Белград (1975-1980), а живее и работи во Париз, Франција. Од биографијата на Бајалска издвојуваме дека, иако по потекло е од Македонија, во Скопје живеела само четири години, како ученик во средно училиште. Долго време живеела во Белград, каде што ја завршила ликовната академија, а потоа заминала во Париз. Во Македонија досега имала три изложби. Една во Културно-информативниот центар во 1989 година и втората во Музејот на град Скопје во 1997 година. Со третата изложбаво 2014 во галеријата на МКЦ година Весна се има претставено пред македонската публика со триесетина дела во маслена и комбинирана техника, работени во последните десет години Весна Бајалска досега има изложувано низ целиот свет.
Изложби
Имала голем број самостојни изложби. Некои од позначајните се:
- 1985. Белград, Ателје 212;
- 1988. Париз, МААС 2000, Grand Palais;
- 1989. Париз, Музеј Roу Adzak, Скопје, КИЦ;
- 1990. Монтреал, Syn` art Ateliers portes ouverts, Париз, Galerie du Fleuve;
- 1992. Париз, Galerie du Fleuve
- 1993,1994, 1995, 1996 и 1997. Париз, Галерија Леонардо;
- 1997. Скопје Градски музеј;
- 2000. Париз, Галерија Леонардо;
- 2000 и 2005. Париз, Syn` art improvisation V ( со Љубинка и Бата Михиловиќ);
- 2002. Париз, Mairie du 13e arrondissement, Париз, Галерија Adac;
- 2003. Париз, Бар 116, La Maison Bleue, Craon;
- 2004. Париз, Escape AB QVO ADLQVEM;
- 2007. Париз, Галерија Pierre Michel.