Toma Fila
Quick Facts
Biography
Тома Фила (роден во Битола, на 29 јули 1941) – српски адвокат, со влашко потекло.
Биографија
Тома Фила е син на познатиот адвокат Филота Фила, кој иако бил партизан, после војната бил в затвор како политички затвореник.
Во Белград ја завршил Првата машка гимназија и правен факултет. Дипломирам во 1963 година, а во 1967 станал најмладиот адвокат во Југославија. Во јавноста станал познат како адвокат на луѓе обвинети за најтешки кривични дела, меѓу кои е голем број на луѓе обвинети за дела за кои била предвидена смртна казна. За смртната казна изјавил: „Противник сум на смртната казна и секогаш сум спремен да го изразам својот став“. Бранел многу политичари меѓу коиЈованка Броз, Слободан Милошевиќ, а едно време го застапувал и Горан Хаџиќ.
Тој бил првиот адвокат од Србија кого го ангажирал Хашки трибуналХашкиот трибунал непосредно по своето основање, но тоа не го спречило да каже дека Хашкиот трибунал е несериозен и пристрасен суд, и да го спореди со Нирнбершкиот процес.
Во пензија е од 2010 година.