Salaetin Bilal
Quick Facts
Biography
Салаетин Билал (Скопје, 19 март 1942 - Скопје, 10 мај 2018) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец од турска националност.
Животопис
Салаетин Билал студирал на Театарскиот конзерваториум во Истанбул, Турција. Во 1964 година станал член на ансамблот на Турски театар - Скопје. Како глумец гостувал и во проекти изведувани на сцените на Македонскиот народен театар, Драмскиот театар, како и на матичната сцена со ансамблот на Албанската драма.
За своето глумечко умеење бил награден како најдобар артист на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во 1976 и 1990 година, а на Театарските игри во 1992 година добил награда за најдобра споредна улога. Двапати бил добитник на наградата што ја доделува ревијата „Екран“ - прогласен е за глумец на годината во 1976 и 1977 година. Добитник е и на општествените признанија „13 Ноември“ - Награда на градот Скопје за 1977 г., а во 1984 година го доби највисокото републичко признание Наградата „11 Октомври“, Добитник е на Наградата за животно дело "Војдан Чернодрински" 2014. Починал во Скопје на 10 мај 2018 година.
Филмографија
Година | Филм | Улога |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | Кајмакам |
1977 | Итар Пејо ТВ-серија | |
1980 | Време, води ТВ-филм | Кајмакам |
1982 | Полноќно сонце краток филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1983 | Премиера ТВ-филм | |
1983 | Записник ТВ-филм | |
1984 | Белото циганче ТВ-серија | |
1985 | Курсот завршува со коњ ТВ-филм | Тахир |
1985 | Од зад грб ТВ-филм | Сами |
1985 | На наш начин ТВ-филм | |
1986 | Солунски патрдии ТВ-серија | Јашар Бег |
1987 | Народни трибуни ТВ-серија | |
1988-1989 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Самба |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Паша ефенди |
1993 | Македонска сагаТВ-филм | |
1994 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1995 | Ангели на отпад ТВ-филм | |
1997 | Џипси меџик ТВ-филм | |
2000 | Глас ТВ-филм | |
2000-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
2001 | Прашина ТВ-филм | |
2001 | Зад непријателските линии ТВ-филм | |
2002 | Наше маало ТВ-серија | |
2003 | Чекор пред времето ТВ-филм | |
2003 | Нежната прашина на заборавот ТВ-серија | Абдурахман Паша |
2004 | Илузија ТВ-филм | |
2004 | Под ТВ-филм | Танас Митикј |
2005 | Крчма на патот кон Европа ТВ-филм | Ристе |
2006 | Таква ТВ-филм | Шукру |
2007 | Стапица ТВ-филм | Таткото на Соња |
2007 | Сенки ТВ-филм | Герасим |
2007-2009 | Збогум Румелија ТВ-серија | Масер Паша |
2009 | Исток, запад , исток ТВ-филм | Келнер |
2009-2010 | Балканска свадба ТВ-серија | Влатко |
2010 | Народни Приказни ТВ-серија | Момир |
2010 | Жарче ТВ-филм | Дедото |
2010 | Мајки ТВ-филм | Дедо |
2010-2012 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Чевлар |
2013 | Балканот не е мртов ТВ-филм | Валијата |
2013 | Игра и спас ТВ-филм | Таткото |
2014 | До балчак ТВ-филм | Гостилничарот |
2014 | Големата врата ТВ-серија | |
2015 | Три дена во септември ТВ-филм | Бакалот |
2015 | Лимоната ТВ-филм | Али Риза |
2016 | Преспав ТВ-серија | Директорот Ташко |
2017 | Евгеничарите ТВ-филм | Стар човек |
2017 | 5+ фамилија ТВ-серија | |
2018 | Народни приказни ТВ-серија | Кадијата |
2018 | Незаборавна пролет, во заборавено село ТВ-филм | Басри |
2018 | Дедо и внук ТВ-филм | Дедото |
Наводи
Надворешни врски
- Салаетин Билал на Семрежната филмска база на податоци (англиски)