peoplepill id: robert-bilbilov
RB
Macedonia
1 views today
1 views this week
Robert Bilbilov
Macedonian singer, producer and composer

Robert Bilbilov

The basics

Quick Facts

Intro
Macedonian singer, producer and composer
Places
Gender
Male
Age
41 years
The details (from wikipedia)

Biography

Роберт Билбилов (9 мај 1983) — македонски пејач, продуцент и композитор.

Животопис

Роберт компонира од дванаесетгодишна возраст. Тој е комплетен музичар, затоа што продуцира, свири на неколку инструменти и ги пее своите песни. Талентот го наследил од неговиот татко, Хилми Билбил, кој е авторот на „Бисер Балкански”.

Неминовен е успехот во сегашноста на сето тоа знаење и искуство со кое се стекнал уште во детството, бидејќи тој буквално растел гледајќи го својот татко, кој воедно му бил идол, како твори и работи. Во некои интервјуа вели дека учел и од Дарко Димитров. Роберт соработувал со многу имиња, тој е човекот, кој е заслужен за успешните почетоци во кариерата на Тамара, Адријан и уште многу други. Тој е оној кој работеше на албумите на Бојана Атанасовска, на Ѓоко Танески, Слаткаристика, а на албумот на Елена Ристеска – „192“ свиреше виолина. Се промовира со „Крив си сам” на Снежана Џеповска, за набргу потоа да извади хитови кои останале да се слушаат до ден денес.

Во 2001 година на „Макфест” излегува на сцена со Кристина Арнаудова и ја придружува со гитара. Всушност тој е композиторот на „Прашина”, која беше најслушана песна меѓу два фестивала. Прекрасниот текст го напиша Весна Малинова, која вели дека соработката со Роберт е прекрасна и кога се тим се оди брзо и лесно ко вода. Дека песната ја прифатила публиката покажала номинацијата за најдобар композитор на манифестацијата „12 Величествени”. На „Макфест 2003″ повторно ќе се појави понесен од претходниот успех, како автор на „Допираш” на Сузана Јовчева. Она што остави белег и служеше за добра промоција со сигурност е песната ”Сега јас сум на ред”. Тогаш било најдоброто време и дошол редот на пеењето и начинот на кој тој ги чувствува песните. Во 2004 на „Макфест” учествува со Раде Врчаковски- Врчак со „Тајните Ангели”, за во 2006 да ја испее „Избриши ги ти солзите”.

Во 2007 направи дует со Слаџана Иванишевиќ, темата насловена како „Лажи ме”. Веројатно сите коцки беа споени и на место во „Април”. „Темперамент” беше хит на „Охридски трубадури”, а тогаш темата насловена „Сам се лажам” која беше мајсторски изработена од страна на Роберт, во изведба на Адријан Гаџа доби 1 место. Во 2007 година беше апсолутно негова година, како на професионален така и на приватен план. Тогаш заплива во брачните води и го доби својот наследник, Давид. Во 2008-та настапува на „Макфест” и ќе ја испее „Јас те губам”. На 11.04.2009 во Колосеум беше одржана промоцијата на првиот негов албум „Јас те губам” на кој имаше 19 песни. Бидејќи тогашните хитови беа дел од првиот албум, не губеше време и повторно на „Макфест” не почести со хитот „Лице од насловна”. Неколку години е мртва трка во гласовите со 3-то пласираниот.

Во 2010-та година на „Охридски трубадури” на поп вечерта заработи трето место композицијата “Не можеш без мене” во изведба на Роберт, Деана и Скипи. Истата година замина за Америка да ја посети својата сестра во Пенсилванија. Ова патување му беше добредојдено, зошто успеа да се промовира и да оствари бројни контакти. Повторно на „Макфест” во 2011 пласираше нова песна, овој пат дует со Викторија Лоба – „Кога мене ми требаш”. Имаа невообичаен и сосема различен настап. За пофалба беа и номинациите за 2 песни кои беа најслушани: „Себична” и „Ти си Виновна” на МАРС (радиски фестивал) што никогаш дотогаш не се случило. Но за него дефинитивно најголемо признание е продукцијата на DeAndre Wright за преубавата „Love Thing”. На скромноста овде не и е место, зошто станува збор за светски познат изведувач.

Во 2012-та година си пројде со целосното фокусирање на неговиот втор албум, кој содржи 19 композиции и чија промоција беше закажана на 11.04. во UP. Гостуваше на Urban Summer Festival во Берово одржан на 23.08. кој всушност претставуваше 8 часовен музички хепенинг. Во Битола продуцираше музика на 27.12 со македонски и балкански Ди Џеи.

Видеографија

Видео-спотГодинаРежисер
Не ме држи место2007
Април2008Томато Продукција
Јас те губам2008AleXanDeR
Прекасно е за нас2009
Додека спиеш2010
Како Вардар ќе дотечам2011
Себична2011
Ти си виновна2011Alexander
Ти се промени2013
Чудни места2019Зоран Зонде Стојановски
Нигде не те наоѓам2021Јован Кучин
Кој отров2021Даниел Јовески
Јас против целиот свет2022Ѓорги Вацев

Надворешни врски

Наводи

  1. „Билбилов наполни 30 години!“. RadioMK. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 2020-11-13.
The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
Lists
Robert Bilbilov is in following lists
comments so far.
Comments
From our partners
Sponsored
Credits
References and sources
Robert Bilbilov
arrow-left arrow-right instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube pandora tunein iheart itunes