peoplepill id: risto-nikovski
RN
1 views today
1 views this week
The basics

Quick Facts

The details (from wikipedia)

Biography

Ристо Никовски (роден во Ресен, на 13 мај 1942) — македонски дипломат, поранешен амбасадор, редовен колумнист во дневниот печат во Македонија. Познат е по своите ставови, јавни настапи и согледувања за спорот и зачувувањето на името на Македонија.

Животопис и работно искуство

Завршил на Економскиот Факултет во Скопје (1971) и професионалната кариера ја започнал во „ОХИС“, а следните 35 години ги поминал во дипломатска служба. Од 1971 до почетокот на 1992 година работел во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во Белград, а потоа во македонската дипломатија. Службувал во амбасадите на СФРЈ во Пекинг (1972 - 1976), Хавана (1977 - 1981), Џакарта (1986 - 1988) и Куала Лумпур (1988 - 1990). Како член на југословенски делегации учествувал на бројни меѓународни конференции во Њујорк (ООН), Виена, Хавана, Најроби, Бали.

Во македонската дипломатија бил потсекретар во министерството за надворешни работи во периодот од 1992 до 1993, дипломатски претставник, а потоа и амбасадор во Обединето Кралство во Лондон, од каде како нерезидентен амбасадор ги покривал и Ирска и Исланд (1993 - 1997), Тирана (1998 - 2002) и Москва (2004 - 2006). Во периодот од 2002 до 2003 година бил државен секретар во министерството за надворешни работи. Предводел македонски делегации во Кина, Јапонија, Индонезија, Бугарија, Австрија, Велика Британија, Чешка, Шпанија, Украина, Албанија, Русија, Словачка, Унгарија. По пензионирањето во 2006 година, бил член во советот за меѓународни односи на претседателот на Република Македонија од 2009 година, каде што во 2011 поднел оставка по бранувањето на медиумите и јавноста откако во негова колумна директно ги критикувал САД и работата на амбасадорот Филип Рикер, оценувајќи дека дипломатот се меша во внатрешни работи на Македонија поради што треба да биде прогласен за персона нон-грата..

Зборува англиски, шпански, руски и француски јазик.

Дела

Редовно објавува свои мислења во колумни посветени на актуелните настани поврзани со Македонија. Автор е на книгите:

  • Македонското прашање повторно на маса“ (2012)
  • Улогата на САД во македонските голготи (1991 - 2013)“ (2013)
  • Клучот за името е во Вашингтон, не во Атина“ (2015)

Наводи

The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
Lists
Risto Nikovski is in following lists
comments so far.
Comments
From our partners
Sponsored
Credits
References and sources
Risto Nikovski
arrow-left arrow-right instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube pandora tunein iheart itunes