Risto Kalchevski
Quick Facts
Biography
Ристо Калчевски (29 април 1933 во Прилеп — 7 август 1989 во Скопје) — македонски сликар и професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, најкарактеристичен претставник на апстрактното сликарство.
Животопис
Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана во 1953 година. Членувал во групата Мугри. Самостојно излагал во Скопје, Љубљана, Париз и Крањ.
Стил
Уште во најраните слики се јавуваат асоцијативни елементи („Фигури во зелено“, 1959), кои подоцна преминуваат во наполно нефигуративни претстави („Пареа“, 1961).
Кон крајот на шеесеттите внесува во делото несликарски материјали со ненаметлив геометризам, ослободувајќи го патот на сликата кон објектот. Последните дела, инспирирани како и претходните од македонското културно и географско поднебје, содржат повесел колорит и понагласена раздвиженост.