R. P. Usikova
Quick Facts
Biography
Рина Усикова (11 март 1933 во Москва — 14 ноември 2018) — еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик во Руската Федерација и во светот.
Рина Павловна Усикова е родена во 1933 година во Москва. Авторка е на повеќе од 100 научни публикации и уметнички преводи од македонски на руски јазик, меѓу кои најзначајни се:
- Македонски јазик - Граматички особености на западнословенските и јужнословенските јазици (Москва 1997),
- Македонски јазик (Скопје 1985),
- Македонско - руски речник во три тома (Скопје 1997),
- Македонски јазик - Основи на балканската лингвистика, втор дел и Словенски јазици (1998),
- Граматика на македонскиот литературен јазик (Москва 2003),
- Македонско - руски речник со 40,000 единици (Москва 2003).
Детството го поминала во ужасите на втората светска војна. Во 1950 г. се запишала на државниот универзитет во Москва М.В.Ломоносов, на катедрата за славистика, на одделението за бугарска филологија. Во 1965 год ја брани кандидатската (магистерска) теза "Морфологија на именките и глаголите во современиот македонски литературен јазик", под менторство на професорот С. Б. Бернштејн. Во 1993 г. доаѓа во Република Македонија како лектор по руски јазик на катедрата за славистика. Тогаш МАНУ ја избира за дописен член, а воедно е прогласена и за почесен професор на универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје. Во 2005 година ја брани докторската дисертација од севкупноста на нејзините досегашни трудови.