Olivera Kjorverziroska
Quick Facts
Biography
Оливера Ќорвезироска (родена во Куманово, на 29 ноември 1965) — македонска писателка, поетеса, есеистка и критичарка.
Животопис
Оливера Ќорвезироска (родена Марковиќ) е родена во Куманово на 29 ноември 1965 година. Основно и средно училиште завршила во Куманово, а Филолошки факултет во Скопје, каде живее и работи. По дипломирањето, таа се вработила во НИП „Нова Македонија“ како лектор. Во 1985 година станала членка на Друштвото на писатели на Македонија.
Творештво
Делата на Ќорвезироска се преведени на: албански, српски, англиски, француски, турски, чешки, словенечки, полски, руски, унгарски и бугарски јазик. Исто така, таа е застапена во петнаесетина антологии на современиот македонски расказ, објавени во Македонија и во странство.
Библиографија
Ќорвезироска е автор на следниве дела:
- „Трети кат“ (поезија)
- „Високите бели“ (поезија)
- „Кифличката Мирна“ (роман за деца)
- „Мојот брат од тринаесеттиот кат“ (роман за деца)
- „Дедо Миле“ (сликовница - со Глигор Костовски-Гишо)
- „Отвораат ли сништата работа“ (критика и есеистика)
- „Еден Текст и една жена“ (критика и есеистика)
- „Заклученото тело на Лу“ (роман)
- „Страдањата на младиот лектор“ (раскази)
- „(С)плетени раскази“ (раскази)
- „Две перници“ (раскази)
- „Новелички без шеќер“ (раскази)
- „(Со)шиени раскази“ (раскази)
- „Улиците што ги нема“ (раскази)
- „Аб'т“ (роман)
- „Дедо Миле“ (сликовница - со Владимир Лукаш)
Награди и признанија
Во 2003 година, за книгата „(С)плетени раскази“, Ќорвезироска ја добила наградата за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија - „Стале Попов“.
Наводи
Јазик | Македонски јазик ·Граматика на македонскиот јазик ·Дијалекти на македонскиот јазик ·Македонска азбука ·Историја на македонскиот јазик ·Правопис на македонскиот јазик | Константин Миладинов |
Рани примери | Свети Кирил ·Свети Методиј ·Свети Климент Охридски ·Свети Наум Охридски | |
Среден век | Григориј Акиндин ·Станислав Лесновски ·Арсениј Солунски ·Никодим Тисмански ·Исаија Серски ·Висарион Дебарски | |
Просветителство и XIX век | Војдан Чернодрински ·Григор Прличев ·Димитар Миладинов ·Ѓорѓија Пулевски ·Кирил Пејчиновиќ ·Крсте Петков Мисирков ·Константин Миладинов ·Јоаким Крчовски ·Јордан Хаџи-Константинов - Џинот ·Рајко Жинзифов ·Теодосиј Синаитски ·Партенија Зографски | |
Период меѓу двете светски војни | Васил Иљоски ·Антон Панов ·Ристо Крле ·Кочо Рацин ·Коле Неделковски ·Ацо Караманов ·Никола Вапцаров ·Венко Марковски ·Ангелко Крстиќ ·Антон Попов ·Стојан Христов | |
По втората светска војна | Стале Попов · Ѓорѓи Абаџиев ·Владо Малески · Славко Јаневски · Блаже Конески · Коле Чашуле ·Ацо Шопов · Ташко Георгиевски · Томе Арсовски · Гане Тодоровски · Матеја Матевски · Димитар Солев · Анте Поповски · Симон Дракул · Митко Маџунков · Јован Котески · Петре М. Андреевски · Живко Чинго · Михаил Ренџов · Радован Павловски · Богомил Ѓузел · Тодор Чаловски · Влада Урошевиќ · Петар Ширилов · Ефтим Клетников · Јован Павловски · Данило Коцевски · Атанас Вангелов · Катица Ќулавкова · Србо Ивановски · Гого Ивановски · Санде Стојчевски · Јордан Плевнеш · Јован Стрезовски · Димитар Башевски · Бранко Цветкоски · Горан Стефановски · Сашко Насев · Дејан Дуковски · Блаже Миневски · Васил Тоциновски · Методи Манев · Венко Андоновски · Христо Петрески · Лилјана Дирјан · Димитрие Дурацовски · Лидија Димковска · Игор Исаковски · Славчо Ковилоски · Никола Маџиров · Бобан Богатиновски · Гоце Смилевски · Јовица Тасевски - Етернијан · Стефан Марковски · Трајче Кацаров · Жарко Кујунџиски · Оливера Ќорвезироска · Румена Бужаровска · Марина Мијаковска | |
Видете повеќе... |