Naum Celakoski
Quick Facts
Biography
Наум К. Целакоски (Мешеишта, Македонија, 24 декември 1937) е македонски математичар, универзитетски професор, автор на научни трудови од областа на алгебрата,истакнат педагошки работник и автор на учебници по математика за високото, средното и основното образование. Завршил Природно-математички факултет во Скопје, група математика.
Биографија
Д-р Наум Китев Целакоски е роден на 24 декември 1937 година во с. Мешеишта, Охридско. Основно училиште завршил во родното место, гимназија учел во Охрид и Струмица, адипломирал на математичката група од Природно-математичкиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопјево 1960 година. Во 1970 г. магистрирал на Природно-математичкиот факултет во Белград на тема “Инјективни и пројективни модули“, а доктор по математички науки науки станал во 1977 г. на Математичкиот факултет во Скопје со темата “Прилог кон теоријата на алгебарските структури со асоцијативни операции“.По дипломирањето работел три години како професор по математика во градежното училиштево Струга, а од 1964 г. до пензионирањето во 2002 г. работел на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ како асистент, доцент, вонреден и редовен професор по математика. Како асистент почнал да работи на Техничкиот факултет во Скопје во 1964 година, за доцент бил избран наЕлектро-машинскиот факултет во Скопје во 1970 година, за вонреден професор – на Математичкиот факултет во 1978, за редовен професор – на Математичкиот факултет во 1984 и на Машинскиот факултет во Скопје (преизбиран) во 1990 и 1996. Во 1971/72 г. бил на едногодишна специјализација во САД,при Универзитетот на Илиноис во Урбана, Универзитетот на Орегон во Јуџин и на Универзитетот Харвард во Бостон.
Научна работа
Научен интерес на проф. Целакоски е областа на алгебарските структури. Објавилзначителен број научни трудови од таа област, самостојно или заедно со други математичари (публикувани во научни списанија). Автор или коавтор е на (преку) 40 научни трудови од областа на алгебрата. Неговата научна работа е претставена во тритомниот прегледНаучни трудови по алгебра во Република Македонја 1950 - 2007, МАНУ, Скопје 2008.Учествувал на голем број научни собири по математика со своисоопштенија од областа на алгебрата: на сите седум алгебарски конференции на југословенските алгебристи одржани од 1980 до 1987, на сите пет конгреси на СДМФАЈ одржани од 1965 до 1985, на неколку симпозиуми и конгреси во земјата и странство (III Балкански конгрес математичара - Белград 1974; International congress of mathematitians - Helsinki Finland 1978; International conference on mathematics - Szeged Hungary 1981;Simposium “n-ary Structures” - Skopje 1982;Second International Simposium “n-ary Structures” - Varna 1983), бил организатор на повеќе научни собири, а бил и уредник на зборници од такви конференции. Бил член на комисии за оценка и одбрана на докторски дисертации од областа на математиката и учествувал во реализацијата на повеќе научноистражувачки проекти, финансирани одсоодветни државни институции.
Наставна дејност
Во текот на своето четиридецениско работење на Универзитетот во Скопје, проф. Целакоски бил ангажиран со сите курсеви по математика на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а по реорганизацијата на УКИМ 1977 - на Електротехничкиот факултет во Скопје (до 1984) и на Машинскиот факултет во Скопје (1985 – 2002). Паралелно со тоа, почнувајќи од 1979 г., дваесет години изведувал настава на Природно-математичкиот факултет по предметот методика на наставата по математика со хоспитации.Бил ангажиран во наставата и на постдипломските студии, со курсеви од областа на математиката, на следните факултети: Електротехничкиот, Математичкиот, Машинскиот, Градежниот и на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. За повеќето предмети по кои изведувал настава, има објавено учебници и учебни помагала, сам или во соработка со други наставници, од кои неколку избрани се:
1. Ѓ. Чупона, Б. Трпеновски, Н. Целакоски,Предавања по виша математика, кн. I – III, УКИМ, Скопје 1971–1972(IV издание: 1984).
2. Н. Целакоски, Задачи по линеарна алгебра, УКИМ, Скопје 1972(IV издание: 1996).
3. А. Самарџиски, Н. Целакоски, Решени задачи по алгебра II, Скопје 1972 (II изд.: 2006).
4. Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Елементи од нумеричката математика, УКИМ, Скопје 1978 (IVиздание: 1992).
5. Н. Целакоски,Диференцијални равенки, кн. I, УКИМ, Скопје 1982 (III издание: 1989).
6. Н. Целакоски,Дидактика на математиката, Нумерус, Скопје 1993.
7. Б. Трпеновски, Н. Целакоски, Ѓ. Чупона,Виша математика, кн. I – IV, УКИМ, Скопје1993–1995.
Автор е или коавтор на повеќе од 50 учебници и учебни помагала за високото, средното и основното образование, како и на дваесетина стручни трудови за математичката терминологија и за популаризација на математиката меѓу младите. Неговите учебници се одликуваат со убав јазик на презентирање на материјата, со методичност, јасност и добро избрани примери за илустрација.
Стручна и општествена работа
Проф. Целакоски бил долгогодишен надворешен соработник на Заводот за унапредување на образованието и воспитувањето во СРМ. Тој учествувал: во одржувањетопредавања на сите семинари за перманентно стручно и педагошко усовршување на наставниците по математика, во вршењето увид во реализирањето на наставата по математика во повеќе средни училишта во СРМ и во изготвувањето на наставни програми по математика за средното и основното образование. Бил член на Комисијата за иновација и развој на системот на обра¬зование на Република Македонија (1993–1994) и член на Педагошкиот совет (1997–1999). Во периодот 1960 - 1970 бил активно вклучен во есперантското движење (прекуJEJA- Jugoslavia Esperantista Junulara Asocio,JEL- Jugoslavia Esperantista Ligo i UEA -Universala Esperanto-Asocio).Повеќе од три децении бил делотворен учесник речиси во сите активности наСојузот на друштвата на математичарите и информатичарите од Република Македонија, со значителен придонес во неговата дејност (натпревари, издавачка дејност, научни и стручни собири, организациони прашања и др.), при што еден мандат (1989 – 1990) бил и негов претседател. Бил главен и одговорен уредник на математичкото списание “Сигма“ (неколку мандати), продекан на Математичкиот факултет (1979–1980), шеф на Институтот за теориска математика (1978–1979) и на Институтот за алгебра и геометрија (1982–1984) при Математичкиот факултет и раководител (повеќе мандати)на Одделот за математика и информатика при Машинскиот факултет. За својата севкупна активност бил одликуван со Орден на трудот со златен венец.
Наводи
1. Развој и состојба на математичките науки во СР Македонија, МАНУ 1987 (стр.31)
2. Билтен наУКИМ – Скопје:бр. 426 (1984, стр. 18–23);бр. 538 (1990, стр. 50–56),бр. 666 (1996)
3.50 години Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје 2009(Монографија, стр. 192)