Luka Grupchev
Quick Facts
Biography
Лука Групче е македонски револуционер и учител од Охрид. Охридски и струшки војвода на ВМОРО.
Биографја
Роден е на 19 октомври 1874 г. Доаѓа од познатиот охридски род Групчеви (Групчe). Завршува гимназија во Софија, а потоа учителствува во Охрид и Ресен. Од 1903 година преминува во нелегалност, и за кратко е четник при Тома Давидов. Учествува на Смилевскиот конгрес на ВМОРО како претставител на Охридскиот реон, кадешто е избран за член на Охридското горско началство. Секретар е на четатата на Јаким Алулов и потоа самостоен војвода во струшкото село Дримкол за време на Илинденското востание..
По Востанието пребегнува преку Албанија и Црна Гора во Бугарија, кадешто потоа работи како секретар на 3-та женска гимназија во Софија. Во 1904 година се вклучува во Задграничното претставителство на ВМОРО. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македоно-одринското ополчение и служи во 9-та велешка дружина. За покажаната храброст добива сребрен медал. Во Охридско-Дебарското востание во септември 1913 година Групчев влегува во привремената управа на Охрид.
1938-1939 година, заедно со Лазар Томов и Христо Танушев е член на редакциониот комитет на списанието „Илустрација Илинден“.
Починал во Софија, на 30 јули 1947 г.
Видете исто
- Иван Групчев
- Климент Групчев
- Асен Групче