Lila Stojanovska
Quick Facts
Biography
Лила Стојановска или само Лила (Скопје, 15 октомври 1971) — македонска телевизиска водителка.
Животопис
Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче. Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.
Кариера
Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.
Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните: „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“. По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски трубадури“, таа ја баталила музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена – ТВ водителството.
Нејзината популарност ескалирала со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“. Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов, а последниве години повторно се вратила на својата прва љубов – квизот. Последниве години, речиси една деценија, го води квиз-шоуто „Сè или нешто“, на ТВ Сител. После подолга пауза од музиката во 2021 година, Лила повторно се враќа со нова песна, насловена како: "Тешко мене сотебе" која ја пее во дует со поп пејачот "Филип Пешевски".