Lajos Grendel
Quick Facts
Biography
Лајош Грендел (унгарски: Grendel Lajos), (1948, Левице, Словачка -) е современ унгарски писател и есеист.
Биографија
Лајош Грендел е роден во 1948 година во Леви, (денешно Левице), во Словачка. Дипломирал унгарски и англиски јазик на Философскиот факултет при универзитетот "Јан Коменски" во Братислава. Работел како уредник во неколку издавачки куќи и книжевни списанија: "Madach", "Kalligram" итн. Од 1997 година го води ПЕН-клубот на Словачка. Исто така, тој предава историја на унгарската книжевност на универзитетот "Јан Коменски".
Творештво
Грендел е автор на поголем број прозни дела (раскази, есеи, романи) кои се преведени на повеќе европски јазици: англиски, германски, француски, италијански, српски и словачки. Исто така, неговиот расказ "Содржината на куферите" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".
Негови поважни дела се:
- Неверни (раскази), 1979 година
- Стрелање со вистински куршуми: малцински (анти) роман (роман), 1980 година
- Хулигани (роман), 1982 година
- Транспозиции (роман), 1985 година
- Содржината на куферите (раскази), 1987 година
- Раскинување (роман), 1989 година
- Тезеј и црната вдовица (роман), 1991 година
- Изолираност или универзалност (есеи и интервјуа), 1991 година
- Дневник на мојата лоша волја (статии во весниците), 1992 година
- Шегите на Онирисм (раскази), 1993 година
- Доаѓа Неговото Царство (роман), 1996 година
- Апсурдистан, мојата татковина (есеи), 1998 година
Признанија
Грендел е добитник на повеќе награди, како што се:
- Наградата "Имре Мадах", 1982 година
- Наградата на Словачката писателска унија, 1986 година
- Книга на годината, 1987 година
- Наградата "Тибор Дери", 1989 година
- Наградата "Атила Јожеф", 1990 година
- Наградата "Милан Фушт", 1995 година
- Наградата "Ендре Ади", 1996 година
- Наградата "Кошут", 1999 година