Georgi Nikolov, IMARO
Quick Facts
Biography
Георги Николов бил лекар, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.
Биографија
Николов е роден 1868 година во Охрид, тогаш во Отоманската империја. Во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а потоа и Медицински факултет во Цариград. Работи како лекар во Охрид, Битола, Скопје, Воден и други. Бил покрестен од страна на Даме Груев во Орагнизацијата, влегол во првиот Охриски околиски комитет, а подоцна бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет . Станува претседател на окружниот комитет на Организацијата во Скопје во 1904 година. Во 1907 година веќе како претседател на околискиот комитет во Воден е уапсен и осуден на вечен затвор. Ослободен е за време на Хуриетот. Во Балканските војни учествува како лекар кон Бугарската армија. Умрел на 1 март 1939 година во Цариград .