Dimitar Masevski
Quick Facts
Biography
Димитар Масевски (6 мај 1937, Скопје - 23 мај 2015) — македонски композитор и музички продуцент, кој се сметал за еден од основоположниците на македонската забавна музика.
Живот
Масевски е роден во Скопје, во 1937 година. Работниот век го поминал во Македонската радио-телевизија. Неговиот син Александар Масевски, исто така, е композитор и продуцент на поп-музика.. Со музика почнал сериозно да се занимава во средношколските години, кога ги напишал првите композиции „Врати се“ (1956). Во 1957 година се вработил како музичар во Забавниот оркестар на Радио Скопје. Во седумдесеттите години на XX век бил продуцент во Музичката продукција на МРТВ каде продуцирал над 2000 песни, главно од македонски автори. Тој е еден од иницијаторите за покренување на Скопскиот забавен фестивал. Во ова време создава дел од своите антологиски композиции - „Љуби ме, љуби Мирјанка“, „Малечка гулабице“, „Бела хризантема“, „Молчи љубов моја“, „Гриша“ итн. Соработувал со речиси сите позначајни македонски пејачи: Нина Спирова, Зоран Георгиев, Драган Мијалковски, Даниела Панчетовиќ, како и со некои пејачи од тогашна Југославија како Мишо Ковач, Мики Јевремовиќ. Напишал голем број детски песни, како и музика за телевизиски серии и театарски претстави.
Творештво
Во текот на својата музичка активност, Масевски има продуцирано околу 2.000 композиции, a nапишал голем број детски песни, како и музика за телевизиски серии и театарски претстави. Негови најпознати и антологиски композиции се: „Љуби ме, љуби Мирјанка“, „Малечка гулабице“, „Бела хризантема“, „Молчи љубов моја“, „Гриша“ итн. Притоа, тој е авторот на композицијата „Последна солза“, која ја пеела Блага Видец и која претставува првата забавна мелодија испеана на македонски јазик. Масевски е автор на првата детска песна на македонски јазик „Рингишпил“, а компонирал и музика за тв-серии и театарски претстави. Во 21 век, Масевски започнал да компонира новосоздадена фолклорна музика. Тој бил еден од организаторите на обновениот „Скопски фестивал“, кој во знак на неговото творештво, во 2014 година му ја доделил наградата за животно дело.
Наводи
Надворешни врски
Податоци за музичкото портфолио на Димитар Масевски евидентирано од ВБУ Музички Регистар се јавно достапно на сервисот.