peoplepill id: angel-bungurov
AB
1 views today
1 views this week
Angel Bungurov

Angel Bungurov

The basics

Quick Facts

Gender
Male
Birth
Age
75 years
The details (from wikipedia)

Biography

Ангеле Настев Бунгуров — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.

Биографија

Роден е во Кичево, тогаш во Османлиската империја во 1874 година, од татко Насте Бунгуров и мајка Сава Бунгурова, моминско Стефанова. Во своето родно место завршил прв клас прогимназија, а потоа образованието го продолжил во Битола каде завршил шести клас. По настојувањето од татко му го прекинува школувањето и работи како учител по кичевските села: Брждани, Белица, Кладник, и Орланци, а потоа и во самиот град Кичево.

Неговото учителствување се поклопува со времето на организирање и формирање на комитетот на Македонската револуционерна организација во Кичево при што тој зел активно учество. Организационите работи на Македонската револуционерна организација во тој период биле во својот разгор. Народот се подготвувал за големото дело - за оруженото востание против тиранијата на султанската власт.

Во 1902 година Ангеле Бунгуров е избран од Кичевскиот комитет да раководи со истиот во организацијата и подготовката на кичевскиот револуционерен реон . Се работело на зацврснување на вербата кај народот во праведното дело на борбата како и подготовките на материјалната опрема потребна за оруженото востание. Ангеле Бунгуров за време на Илинденското востание бил комита во четата на Арсо Војвода и учествувал во големата битка за Ѓурѓеица .

Покрај својот авторитет како просветен работник, чија што активност и работа многу допринела за будењето на народните маси, тој таа своја мисија ја вршел и со неговата дарба на одличен пејач. Тој со неговиот буен глас во придружба на неговата сопруга Зора Стефанова Бунгурова, со песни го крепел народниот дух и им влевал надеж, на приеми, на свечени дни, на собори. Песните на Ангеле и Зора ги разнесувале општите народни тежнеења за слобода, правда и посветли дни. Ангеле Бунгуров заради својата активност во 1907 година е осуден на затворска казна во битолскиот затвор од која е ослободен по една година во 1908 со доаѓањето на власт на младотурското движење.

Ангеле Бунгуров ја преживеал Илинденската епопеја и дочекал да го види остварено делото за кое се бореше - Слободна Македонија, носител е на споменица од Илинден, а со тоа добива и признание за неговата револуционерна дејност. Умира во Скопје во 1949 година.

Галерија

Извори

Поврзано

  • Македонска револуционерна организација
The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.
Lists
Angel Bungurov is in following lists
comments so far.
Comments
From our partners
Sponsored
Angel Bungurov
arrow-left arrow-right instagram whatsapp myspace quora soundcloud spotify tumblr vk website youtube pandora tunein iheart itunes