Zlatko Mitreski

Actor
The basics

Quick Facts

IntroActor
PlacesMacedonia North Macedonia
isActor Stage actor Film actor
Work fieldFilm, TV, Stage & Radio
Gender
Male
Birth11 May 1981, Skopje, Greater Skopje, Skopje Statistical Region, North Macedonia
Age43 years
Star signTaurus
Education
Krastyo Sarafov National Academy for Theatre and Film ArtsSofia, Sofia Capital Municipality, Bulgaria
Employers
Drama Theatre - SkopjeNorth Macedonia
The details

Biography

Златко Митрески (р. 11 мај 1981 во Скопје) — македонски театарски и филмски глумец, кој моментно работи во Драмскиот театар во Скопје.

Животопис

Митрески е роден во 1981 г. во Скопје. По завршувањето на основното училиште (1989-1996), продолжува со средното образование во „Димитар Влахов“, кое го посетувал од 1997 до 2001 г. Во 2002 г. се запишал на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија (НАТФИЗ). Додека живеел во Софија, исполнувал разни улоги во театарот „Софија“ и Државниот сатиричен тетар „Алеко Константинов“ од бугарски и странски автори, како дипломски изведби во учебниот театар при самата академија. Во 2004 г. ја добил првата филмска улога во краткото остварување „Клаустрофобија“ (Клаустрофобия) од Чавдар Чернев, а во 2005 и првата долгометражна улога, во бугарско-турскиот филм „Украдени очи“ (Откраднати очи) во режија на Радослав Спасов. Академијата ја завршил во 2006 г. и продолжил да исполнува улоги во престолнината и други градови низ бугарија како Ловеч и Габрово, а подоцна и во Ќустендил.

Во 2008 и 2009 г. се дообразувал и на Маѓународната театерска академија во Москва, каде настапувал во „На Страстном“ при уметничките раководители Александар Калјагин и Лав Додин.

По враќањето во Македонија, настапувал во Младинскиот културен центар во Скопје (2010), Народниот театар во Охрид (2011), Универзалната сала (2012) во Скопје. Во 2013 г. почнал редовно да настапува во Драмскиот театар во Скопје. Во 2011 г. ја остварил првата филмска улога во Македонија во „Ова не е американски филм“ од Сашо Павловски.

Театрографија

  • 2003: „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир
  • 2003: „Љубовни булевари“ од Стефан Цанев, реж. Борис Панкин
  • 2004: „Зоолошка приказна” од Едвард Олби
  • 2005: „И најмудриот си е малку прост“ од Николај Островски, реж. Веселин Ранков
  • 2005: „Историја со Метранпаж“
  • 2005: „Пиеса No. 27“ од Алексеј Слаповски, реж. Красимир Ранков
  • 2006: „Дон Жуан“ од Молиер, реж. Стојан Младеновиќ
  • 2006: „Мурлин Мурло“ од Николај Колјада, реж. Георги Георгиев
  • 2006: „Рејс“ од Станислав Стратиев, реж. Николај Гундера
  • 2006: „Римска бања“ од Станислав Стратиев, реж. Славчо Пеев
  • 2006: „Храбриот Касијан“ од Артур Шницлер, реж. Лилијана Бајлова
  • 2006: „Цвеќињата на ИДА“ од Х.К. Андерсен, реж. Гергана Тодева
  • 2007: „PLAYBACK“ од Педро Алмодовар, реж. Елица Матеева
  • 2007: „Ноќта спроти Ењовден“ од Николај Гогољ, реж. Ирина Клишевска
  • 2007: „Чинцано“ од Људмила Петрушевска, реж. Мартин Вангелов
  • 2008: „Писмо за помнење“, авторска претстава на Олег Николаевич
  • 2009: „Бакни ме“ од Анна Петрова, реж. Минчо Србев
  • 2009: „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, реж Ристе Алексовски
  • 2010: „Госпоѓица Јулија“ од Август Стриндберг, реж. Деан Дамјановски
  • 2011: „Кабаре Мистериозо“ од Дарио Фо реж. Деан Дамјановски
  • 2012: „Метастаза“ по Ерик-Емануел Шмит, реж. Војо Цветановски
  • 2013: „Кавкаски круг со креда“ од Бертолт Брехт, реж. Златко Славенски
  • 2013: „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, реж. Коле Ангеловски
  • 2014: „69“ од Алан Бол,реж.Веселин Димов
  • 2015: „Безљубни“ од Благица Секуловска реж. Златко Славенски

Филмографија

Филмографија на глумецот Златко Митрески
Год.НазивУлога
2010-ти
2011Ова не е американски филм ТВ филмThe Bold
2019Преспав ТВ серијаГостинот
2019Фамилијата Марковски ТВ серијаГоран
2020-ти
2023Бистра вода ТВ-серијаКузман
2023Шега ТВ филмТатко на Надиа

Награди

  • Прва награда на V Отворен филмски фестивал во Санкт Петербург, Русија

Наводи

Надворешни врски

The contents of this page are sourced from Wikipedia article on 22 Apr 2024. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.