Traiko Kralev Mitrev

Bulgarian revolutionary
The basics

Quick Facts

IntroBulgarian revolutionary
PlacesBulgaria
wasRevolutionary
Work fieldActivism Military
Gender
Male
Birth1874, Brnik, Novaci Municipality, North Macedonia
Death27 March 1911Simitli, Simitli Municipality, Blagoevgrad Province, Bulgaria (aged 37 years)
The details

Biography

Трајко Кралев Митрев, познат као Трајко Кралот Брничанчето ( 1874, Брник, Битолско - 1911, Симитли, Пиринска Македонија) — македонски револуционер, мариовски војвода на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Животопис

Трајко Кралот е роден во 1874 или 1875 година в мариовското село Брник. Се присоединил кон ВМОРО и за време на Илинденското востание бил четник кај прилепскиот војвода Крсто Гермов и кај Иван Кафеџијата.

Во 1904 година Трајко Кралот станал реонски војвода во Мариовско и водел битки со турски аскер и грчки андарти. Грчкиот андарт Петар Сугарев со својата чета му го убиваат целото семејство - татко му, браќата и сестрите, вкупно 10 лица. Истата година Трајко Кралот, Петар Ацев, Ѓоре Спирков - Леништанец и Крсто Гермов се сретнале со Глигор Соколов, кој со фалсификувани документи ги убедил да го пуштат во Македонија. За време на Младотурската револуција заедно со Ѓорѓи Касапчето и Алексо Стефанов дејствувал во Битолско.

Од 1910 година Трајко Кралот дејствувал во реонот на Горна Џумаја, Пиринска Македонија со Дончо Златков. Загинал во битка со Турци во 1911 година крај гратчето Симитли или според некои други извори на 27 март 1912 година помеѓу пиринските села Тросково и Дебочица.

Наводи

The contents of this page are sourced from Wikipedia article on 27 Mar 2024. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.