Parashkev Tsvetkov

The basics

Quick Facts

A.K.A.Параскев Цветков
A.K.A.Параскев Цветков
Gender
Male
Birth20 May 1875
Death21 May 1903Mogila (aged 28 years)
The details

Biography

Парашкев Цветков (бугарски: Парашкев Цветков), (името се среќава и како Параскев), бил револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија

Роден е во 1875 година во Плевен, Бугарија. Завршил гимназија во Софија и потоа учителствувал три години. Во 1897 година заминал во Прага (Чешка), а потоа во Дрезден (Германија), каде што студирал музика. По враќањето станал професор во Битолската егзархиска гимназија (1902).

Учествувал на Смилевскиот конгрес (мај 1903) каде бил избран за еден од секретарите. Уште пред Илинденското востание раководел со една од револуционерните чети во Битолско.

На 21 мај 1903 година со четата бил откриен и опседнат во селото Могила, Битолско, од 300 турски војници. По 36-часовна борба, тешко ранет, војводата Цветков извршил самоубиство.

Наводи


The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.