Biography
Lists
Also Viewed
Quick Facts
Intro | Macedonian jurist | |
Places | Socialist Federal Republic of Yugoslavia Macedonia | |
is | Jurist | |
Work field | Law | |
Gender |
| |
Birth | 1931, Kavadarci | |
Age | 94 years |
Biography
Милан Недков (роден во Кавадарци, 1931 година) — македонски правник, универзитетски професор и поранешен уставен судија.
Биографија
Завршил Правен факултет во Скопје во 1957 година. Бил на специјализација во Институтот за општествени науки во Белград.
Во 1960 година бил избран за асистент на Правниот факултет во Скопје. Докторирал на тема од областа на правото во 1965 година. Во 1974 година бил избран за редовен професор на Правниот факултет.
Повеќе години бил раководител на Одделението за политиколошки истражувања на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје, а четири години бил директор на овој Институт. Учествувал како раководител и истражувач во реализацијата на повеќе проекти, особено посветени на истражување на изборните процеси и јавното мислење.
Повеќе години бил главен и одговорен уредник на списанието „Погледи“.
Од 1994 до 2003 година е судија на Уставниот суд на Република Македонија, а во времето од 1997 до 2000 година бил и негов претседател.
Творештво
Објавил над 25 студии и учебници, како и над 200 статии и есеи. Позначајни објавени научни и стручни трудови се следните:
- Студентска 1968 година, (коавтор), Скопје, 1970.
- Коментар на Законот за претпријатијата и Законот за општествениот капител, (монографија), Скопје, 1990.
- Приватизација на општествениот капитал во Република Македонија, (студија), коавтор, Скопје, 1991.
- Коментар на законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал, (монографија), коавтор, Скопје, 1993.
- Коментар на преодните и завршните одредби на Законот за трговските друштва, (монографија), Скопје, 1996.
- Основање на трговското друштво, (монографија), Скопје, 1996.
- Одлучување и управување со друштвата на капиталот, (монографија), Скопје, 1997.
- Санација на организациите на здружениот труд, Скопје, 1988.
- Преоден период на претворање на организациите на здружениот труд во претпријатија, Скопје, 1989.
- Работниот однос и неговото правно уредување, Скопје, 1990.
- Организирањето на општественото претпријатије како акционерско друштво односно друштво со ограничена одговорност во мешовита сопственост, Скопје, 1990.
- Акционерско друштво, Скопје, 1990.
- Статутот и неговото место во уредувањето на односите во акционерското друштво, Скопје, 1991.
- Уредување и раководење со претпријатијата, Скопје, 1991.
- Настанување на холдинг претпријатието, Скопје, 1991.
- Судбината на интерните акции, Скопје, 1992.
- Намалување на основната главнина на акционерското друштво, Скопје, 1999.