Marjan Markoviḱ

Macedonian linguist
The basics

Quick Facts

IntroMacedonian linguist
A.K.A.Marjan Markovikj Marjan Markovic Marjan Markovik Marjan Marković
A.K.A.Marjan Markovikj Marjan Markovic Marjan Markovik Marjan Marković
PlacesMacedonia
isLinguist
Work fieldLiterature Social science
Gender
Male
Birth7 February 1967, Skopje, Greater Skopje, Skopje Statistical Region, Republic of Macedonia
Age57 years
Star signAquarius
The details

Biography

Марјан Марковиќ (Скопје, 7 февруари 1967) — лингвист, македонист, славист и балканист, член на МАНУ.

Образование

Средно образование завршил во гим¬назијата „Јосип Броз“. Во 1987 година се за¬пишал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКиМ, а дипло¬ми¬рал во 1991 година стекнувајќи го зва¬ње¬то „ди¬пломиран филолог по македон¬ски јазик со полски јазик и книжевност“. Во 1995 година тој го одбрани магистерскиот труд под наслов „Маке¬донскиот и ароманскиот глаголски систем во говорите на охридско-струшкиот регион“, под менторство на акад. Божидар Видоески. Во 2000 година ја одбрани докторската дисертација „Говорот на Ароманците Фрашероти во охридско-струшкиот регион (во балкански контекст)“, под менторство на проф. д-р Виктор Фридман. Дисертацијата е објавена во издание на МАНУ во 2007 година.

Научна дејност

Во центарот на неговиот научен интерес се наоѓа истражувањето на македонскиот ди¬ја¬лек¬тен и стандарден јазик во ми-натото и денес, во словенски и во балкански контекст. Марјан Марковиќ повеќе од 20 години е вклучен во работата врз лингвистичките проекти на МАНУ. Во 1991 година, веднаш по дипломирањето, акад. Видоески го вклучува во работата врз проектот Меѓународни лингвистички атласи, кој ги опфаќа Општословенскиот лингвистички атлас (ОЛА), проект на Меѓународниот комитет на сла¬вистите (МКС), Atlas Linguarum Europae (ALE), а тогаш го опфаќаше и веќе завршениот Општокарпатски дијалектен атлас (ОКДА). Од јануари 1992 година до септември 1995, доп.член Марковиќ работи врз горните проекти, како стипендист на Министерство за образовање и наука, а од септември 1995 станува постојан надворешен соработник на МАНУ за проектот Меѓународни лингвистички атласи. Во годините 2004–2007 тој дури го води проектот. Денес, доп.член Марковиќ е официјален претставник на Македонија во Меѓународната комисија на ОЛА при МКС и ја раководи македонската работна група во таа Комисија. Тој не само што е одговорен за ин¬терпретацијата и претставувањето на македонскиот јазичен материјал на картите на Атласот, туку и активно учествува во развивањето и продла¬бочува-њето на самата концепција на Атласот. Тој е, исто така, прет¬ставник на Македонија во меѓународната комисија на АЛЕ.

Стручна дејност и работен век

Во 1998 година, по смртта на акад. Божидар Видоески, доп.член Марковиќ, заедно со акад. Зузана Тополињска и проф. д-р Виктор Фридман, е автор на иницијативата за основање на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ, а од 2000 година, т.е. од основањето на Цен¬тарот активен е и во проектот Местото на македонскиот јазик во словенскиот и балканскиот јазичен свет. По негова иницијатива и врз негова концепција се шират активностите на Центарот: основан е Дигитален архив на македонскиот јазик, Дигитална база на податоци за македонските дијалекти (вид дигитален дијалектен речник), Дигитална збирка на текстови од македонските дијалекти (интерактивна мапа), така што покрај традиционалната, се шири и електронска издавачка деј¬ност. Последните две години доп.член Марковиќ, со одлука на Претседателството на МАНУ, ја врши официјално функцијата координатор на проектите на ИЦАЛ. Во 1995 година доп.член Марковиќ се вработува на Филолошки факултет „Блаже Конески“ на УКиМ, каде што денес е редовен професор по пред-метите: дијалектологија на македонскиот јазик, балканска лингвистика, современ македонски јазик. Во годините 2003–2004 ја врши функцијата продекан за настава, а во годините 2008–2009 е продекан за меѓународна соработка. Во 2013 година ја добива наградата за најдобар научник на УКиМ за 2012 година.

Во својата индивидуална научна работа доп.член Марковиќ од почеток покажува интерес за неколку линии на лингвистички истражувања: (1) организација на просторот во македонскиот дијалектен и стандарден јазик; (2) историја на македонскиот вербален систем во балкански кон¬текст: формална и семантичка еволуција на системот, пред сè на семантичките и граматички категории ВИД и ВРЕМЕ, и (3) етимологија и анализа на семантичка мотивација на одделни лексеми во избраните сегменти на македонскиот лексички фонд. Неговата креативност, линг¬вистичката интуиција, практичното и теоретското познавање на сло¬венските и балканските јазици, придонесоа доп.член Марковиќ да ги надгради и да ги развие постојните научни сознанија на сите овие подрачја. Повеќето негови лингвистички студии имаат аналитички карактер, конкретни теми, јасно изложени резултати;

Библиографијата на доп.член Марковиќ брои над 70 објавени позиции, плус уште над десетина текстови предадени за печат во видни и референтни списанија. Неговите објавени научни студии би можеле да се групираат на следниот начин: публикации посветени на механизмите на определување на статичната локација на нештата, врз којашто може да се надградува динамична просторна информа¬ција; студиите посветени на македонско-ароманските контактни измени во доменот на вербалниот систем; прилогот на доп.член Марковиќ во откривањето и уверливото и аргументирано ја образложи појавата позната како „удвојување на предлозите“; неколку универзитетски прирачници по македонска дијалектоло-гија; неколку гимназиски прирачници по македонски јазик и литература приредени врз постојната стручна литература; карти од Општословенскиот лингвис¬тички атлас, што подразбира темелно изведена интерпретација, утврдена етимологија и морфолошка структура на неколку стотини лексеми регистрирани во 850 населени места, распоредени низ словенската јазична територија, што сведочи за широката лингвистичка и славистичка под¬го¬товка на авторот. Во печат (во МАНУ) е и неговата нова книга Просторните односи во македонскиот јазик (во балкански контекст).

Доброто познавање на големите јазици: англиски, германски, руски, бројните студии објавувани во познати списанија, активното учество на бројни научни конференции во земјата и во странство, му осигурија на доп.член Марјан Марковиќ широки контакти и висока позиција во меѓународните лингвистички кругови. Тој е баран како претставник на Р. Македонија и на македонскиот јазик во многу меѓународни проекти, меѓу коишто и проектот Evolution of Semantic Systems – EOSS, Max Planck Institute for Psycholinguistics, Nijmegen, The Netherlands, и др. Спомнатото познавање на повеќе јазици му дозволува редовно да ја следи новата стручна литература, да ги следи новите трендови во светската лингвистика и да се вклучува во научна дискусија со познати и непознати странски колеги – лингвисти, слависти и балканисти.

Од големо значење за македонската лингвистичка средина е ди¬дактичката и педагошка работа на доп.член Марковиќ, а во тој контекст и неговата вештина за организирање на тимска работа (обука, едукација, работилници). Тој знае да ги заинтересира студентите, да воспостави личен контакт со нив, да ги увери во длабоката смисла на она што се бара од нив во текот на студиите, како и при нивниот ангажман во проектите на Истрачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“. На негова иницијатива, во просториите на ИЦАЛ постојано има студенти-волонтери кои не само што помагаат во реализација на научните активности на Центарот, туку и учат практична лингвистичка работа, примена на ИТ-технологијата, итн. Неговите предавања секогаш се добро посетени, а неговите настапи на научни конференции побудуваат дискусија и не ретко водат кон нови научни потфати.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите во Одделението за лингвистика и литературна наука е избран во 2015 година

The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.