Liljana Mazova

��акедонска новинарка, театарска критичарка и публицистка
The basics

Quick Facts

Intro��акедонска новинарка, театарска критичарка и публицистка
PlacesNorth Macedonia
isCritic Theatre critic Journalist Opinion journalist
Work fieldFilm, TV, Stage & Radio Journalism
Gender
Female
Birth30 July 1946, Skopje, North Macedonia
Age78 years
Star signLeo
The details

Biography


Лилјана Мазова (30 јули 1946 во Скопје) — македонска театарска критичарка, новинарка и публицистка.

Биографија

Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје на групата „Југословенска книжевност“.

Од 1970 година е новинар во културната рубрика на весникот „Нова Македонија“ во рубриката Културен живот и во прилогот за литература и култура ЛИК кој и го уредувала.

Нејзините текстови се објавувани во монографии, каталози и зборници. Автор е на книгата „Ковчег со време“ и „Тој и Тие - театарски сложувалки“ (во двете книги го истражува и одново оценува, систематизира и сложува своето долгогодишно искуство, знаење и над сè љубов кон работата и кон најживата и највитална уметност – Театарот, отргнувајќи го од заборавот на времето битното и неистраженото во нашиот театар) и е коавтор на „Тодор Николовски“. Таа е авторка на повеќе од девет илјади единици – рецензии за претстави, коментари и интервјуа со театарски творци, но и за творци од светот. Авторка е на патеписи, учесничка е во разни дебатни ТВ емисии посветени на театарот и на културата воопшто, текстовите по повод јубилеи и изложби поместени ѝ се во разни каталози, а соработува и во повеќе театарски и театролошки едиции. Текстови ѝ се поместени во разни библиотеки, во монографии и каталози: во зборникот „Современа драма и театар во Македонија“; театролошки истражувања ѝ се публикувани и во повеќе зборници што ги издаваат Факултетот за драмски уметности во Скопје – Институтот за театрологија, и Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“; со обработени теми учествува во подготовката на разни монографии од областа на театарот како, на пример, монографијата за Ристо Шишков објавена во 2002; луксузна и високо вреднувана монографија за актерот Илија Милчин во 2003, монографијата за Петре Прличко во 2004, приредувач е на Собраните дела на Иван Мазов (шест тома, 1982); коавтор е на книгата за актерот Тодор Николовски; во изданието The world of Theatre на Интернационалниот театарски институт за 2004; дел е од тимот кој го подготви електронско издание – ЦД ромот Театарот на македонска почва за кој седуммина автори, меѓу кои е и Мазова, ја добија наградата Гоце Делчев за научно - истражувачка работа за 2002 година.

Членувала во разни програмски комисии или фестивалски одбори: член и претседател и на Одборот на критиката на Стерииното позорје, член на Програмскиот одбор на Фестивалот на Мали и експериментални сцени во Сараево, во фестивалското жири и други оценувачки комисии, член на селекторските комисии за Стерииното позорје и за МЕСС, член и претседател на Комисијата за театарската програма на Фестивалот „Охридско лето“, селектор, член и претседател на оценувачката комисија на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, жири за наградата „Климент Охридски“, на „Св. Климент Охридски“ на „Нова Македонија“ и „Златната маска“ на „Вечер“ за најдобри претстави и најдобри актерски остварувања на „Охридско лето“, во жиријата на критичарите на „Ослобоѓење“ и на „Дневник“, на жирито за „Златна плакета“ на „Нова Македонија“ за најдобра претстава на „Војдан Чернодрински“, водител е на разговори со театарските творци, на трибини, симпозиуми и на симпозиумски сесии.

За својата посветеност и како признание за постигнатото, е добитник на наградата „Крсте Мисирков“ за едногодишно остварување (1980), на наградата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“ за новинарство (1981), на годишна награда на „Нова Македонија“ (1988) и за долгогодишна работа на „Нова Македонија“ (1998), на наградата за наука „Гоце Делчев“ (2003).

Активно соработува и со Институтот за театрологија при Факултетот за драмски уметности во Скопје, во подготовката на проекти од областа на театрологијата, на проекти/изданија во рамките на научно-издавачката дејност што се проекти на Македонската академија на науките и уметностите – Макропроектот „Историјата на културата на Македонија“ – Театарот на почвата на Македонија од антиката до денес.

Наводи

The contents of this page are sourced from Wikipedia article on 27 Dec 2019. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.