Leighton Teeterick Bohl

The basics

Quick Facts

Birth23 July 1889
Death1 June 1971 (aged 81 years)
Star signLeo
The details

Biography

Лејтон Титерик Бол (англиски: Leighton Teeterick Bohl), (23 јули 1889, Осиоло, Охајо, САД - 1 јуни 1971, Провиденс (Род Ајленд), Род Ајленд, САД) — американски градежен инженер. Тој бил професор на Брауновиот универзитет и ветеран на американската армија.

Бол дипломирал на Брауновиот универзитет во 1913 година. Во текот на неговата кариера освен како професор, работел и за Американската локомотивна компанија, служел во американската армија и држел повеќе функции во јавниот сектор. Од особено значење се неговите придонеси кон ревидирање на градежните регулации во Провиденс и кон изградбата на морска брана во Њупорт, Род Ајленд, САД. Во текот на Втората светска војна, Бол ја извршувал функцијата директор на Дивизијата за инженерство на Брауновиот универзитет. Подоцна тој раководел со програма на Христијанската асоцијација за млади мажи (англиски: Young Men's Christian Association, YMCA) за обучување на ветерани повратници од светската војна.

Наводи

The contents of this page are sourced from Wikipedia article on 21 Nov 2024. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.