Biography
Lists
Also Viewed
Quick Facts
Places | Greece | |
was | Musician Politician | |
Work field | Music Politics | |
Gender |
| |
Birth | 10 August 1925, Greece | |
Death | 18 August 1948Florina, Greece (aged 23 years) | |
Star sign | Leo |
Biography
Лазо Ангеловски (с. Граждено, Преспа, Леринско, 10 август 1925 – Лерин, 19 август 1948) бил истакнат учесник во македонското националноослободително и комунистичко движење од Егејска Македонија. Тој е еден од основоположниците на македонската просвета во Егејска Македонија во периодот на Граѓанската војна во Грција.
Лазо Ангеловски завршил основно училиште и гимназија на грчки јазик. Во 1944 година преминал во Битола. Во ноември истата година го посетува курсот за учители на македонски јазик во Битола, а потоа e назначен за учител во село Смилево. Кон крајот на 1946 година е поставен за управник на детскиот дом „Мерџан” во Тетово, а подоцна на домот за сирачиња во Скопје. Истовремено, бил член на Одборот за народна просвета при Министерството за просвета на Народна Република Македонија.
Иако веќе имал обезбедено почеток на солидна функционерска кариера и сигурен живот во Народна Република Македонија, во почетокот на 1948 година доброволно се вратил во Егејска Македонија, каде била во тек Граѓанската војна. Таму, најпрво бил назначен за управник на курсот по македонски јазик што се одржувал во село Желево, а потоа и за просветен инспектор на слободната територија. Ја вршел и функцијата секретар на Окружниот одбор на народната власт во Леринско.
Во почетокот на август бил заробен во близина на селото Буф. По повеќедневно мачење на 19 август 1948 година, врзан за воен џип, бил влечен по улиците на Лерин се додека не починал.
Извор
- Александар Литовски „Пофалба на македонизмот: есеи од историјата на македонизмот“, „Липекс“, Битола, 2007, 81-82 стр.