Antonios Vlahakis

The basics

Quick Facts

A.K.A.Андониос Влахакис Капитан Лицас
A.K.A.Андониос Влахакис Капитан Лицас
Gender
Male
Birth12 October 1874
Death7 May 1906 (aged 31 years)
The details

Biography

Андониос или Андонис Влахакис (Αντώνης Βλαχάκης) бил андарстки капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и ученик во Борбата за Македонија.

Биографиј

Влахакис е роден 1874 година во селото Мирсини (Паница во областа Мани на Пелопонес. Како грчки војник учествувал во Грчко-турската војна од 1897 година, бил ранет во битката кај Фарсала и поради тоа бил одлкуван со сребрен крст.

Во септември 1905 година формирал чета од 48 души и заминал за МАкеоднија. Дејствувал во реонот на Костенаријата под псевдонимот капетан Лицас. Во селото Старичани, тој се судрил со Митре Влаот, војвода на Македонската револуционерна организација .

На 20 декември 1905 година, Лисац заедно со четата на капетан Лукас го нападнал селото Езерец, при нападот биле изгорени две куќи и биле убиени неколку души од селската милиција. На 1 јануари 1906 година соединетата чета на Лисац и Лукас повторно го нападнале Езерец, но андартите биле одбиени од страна на Фарсала и селската милиција .

По овој судир Влахакис се вратил во Атина за да ја реорганизира својата чета и во април 1906 година се вратил во Македонија со 85 души.

На 7 мај 1906 година андарстката чета на Андонис Влахакис и подпоручикот Леонидас Петропулакис го нападнала селото Осничани од Жиковишкиот манастир. Нумо Кировски и Кољо Бараков, членови на реонската чета на Македонската револуционерна организација, застанале на чело на селската чета и се судриле со андартите, во судирот учествувал и Тана Кировска . Борбата траела неколку часа, а во неа биле убиени андарстките водачи Влахакис и Петропулакис. Со доаѓањето на аскерот, андартите се повлекле Според грчки извори андартските загуби се 15 убити и 11 ранени..

Извори

The contents of this page are sourced from Wikipedia article. The contents are available under the CC BY-SA 4.0 license.