Biography
Also Viewed
Quick Facts
Intro | Bulgarian bussinesman | |
Places | Bulgaria | |
was | ||
Gender |
| |
Birth | 1865, Kilkis, Kilkis Municipality, Kilkis Regional Unit, Greece | |
Death | 1 January 1945Sofia, Sofia Capital Municipality, Sofia City Province, Bulgaria (aged 80 years) |
Biography
Андон (Доне) Чопов (Кукуш, 1865 - Софија, 1 јануари 1945) — сопруг на Руша Делчева, зет на македонскиот великан Гоце Делчев.
Животопис
Андон бил син на кукушанецот Нако Чопов, кој за тоа време важел за богат човек. Нако имал три сина, најстариот тргувал со жито, вториот се занимавал со земјоделство, додека Андон станал фурнаџија. Женидбата на Андон со Руша, всушност ја договорил татко му Нако, кој на својот стар пријател Никола Делчев му понудил да се посватат, тој без размислување ја прифатил неговата идеја. Никола важел за човек кој сакал да му се почитува зборот, па така оваа вест била мирно прифатена во неговот семејство. Големата свадба ја направиле во кукушката црква Св. Атанас.
Семејството Чопови
Иако во прво време живееле во татковата куќа, карактерот на Руша, која знаела да започне кавга со јатрвите, Андон решил да се отселат и да живеат во засебен дом. Планот да станат кираџии во куќа веднаш зад постоечката голема куќа на неговиот татко Нако, која се наоѓала кон крајот на македонското маало, кон турското маало, не бил прифатен од Нако. Па, затоа тие ја добиваат неговата стара куќа, каде почнуваат да живеат одвоено и да го формираат своето семејство. Тие ги одгледале своите одгледале 7 деца: Владимир Чопов – револуционер на ВМОРО, Тодор Чопов (1892 - 1923), Петруш (Туше) (1897- 1959), Христо (1899-1901) и три ќерки – Велика (Лика) Јурукова, Ленка (1901-1902) и Магда (1903-1950). Андон (Доне), продолжил да се занимава со фурнаџиство и ги издржувал од продавање леб, симит и ѓевреци.
Андон бил музикален и дружељубив човек, па од неговите другарувања била оформена и дружина која ги забавувала кукушани на селските слави. Во неа спаѓале: Мицо Измирлиев, таткото на пролетерскиот поет Христо Смирненски, Вано Бочваров, Мицо Грков, Мицо Имов, Туше Стаменов, Вано Тодоров и други. По сеќавањата на Лика, татко и често пеел турски и македонски песни, како и песни за Крале Марко.
Семејството на Андон, е тесно поврзано со активностите на неговата сопруга Руша и нејзиното револуцоинерно семејство Делчеви. Па, така сите животни настани и нивни препреки се во тесна врска со нивната револуционерна активност.
По спалувањето на Кукуш од страна на грчките војски, семејството Чопови, како многу други бегалци од Кукуш се упатиле кон градовите во Пиринска Македонија, преку Горна Џумаја и Дупница, биле сместени во некое училиште во Софија. По некое време тие мечтаејќи да се поблизу до нивниот роден Кукуш, решиле да се преселат во Горна Џумаја, каде веќе живееле татко и на Руша, Никола Делчев и нејзиниот брат Христо Делчев.
Во Горна Џумаја, нивната куќа станала повторно собиралиште на македонската револуцоинерна младина. Па така низ нивниот дом често навратувале другари на Гоце: Aнтон Страшимиров, Ѓорѓи Пеев, Димо Хаџи Димов, Михаил Герџиков и други. Поради ова, околискиот началник Костадин Алексиев често вршел, притисоци и испрашувања на блиските пријатели на Руша и Андон.
После неколку обиди за ликвидација на Руша од страна на врховистичките банди на Тодор Александров, тие се приморани да ја напуштат Горна Џумаја и се упатуваат кај нивната ќерка Лика, која била учителка во селото Мештица. По извесен период тие повторно се населуваат во Софија, поради учителската работа која и била доделена на ќерка им Лика.
Смртта на Андон Чопов
Лика Чопова, се сеќава дека еден ден на гости имале човек со кој татко и Доне, иако не се чувствувал добро решил да наздрави. Човекот му посакал да поживее уште дваесетина години, но утредента на 1 јануари 1945 Андон Чопов, веќе починал во неговата 79 годишна возраст.
Наводи
- ↑ Револуционерката Руша Делчева (1868– 1945), По спомените на Лика Чопова. Скопје: Студентски Збор. 1983. стр.22-26.
- ↑ Огнено Семејство. Скопје, Македонија: Мисла. 1978.